Свет
Од листите на пратеници во Авганистан исклучени 15 кандидати
Петнаесет кандидати за соствот на авганситанскиот парламент се исклучени од општата листа кандидати за позицијата
Како што пренесува РИА Новости, информацијата во недела ја потврдил на прес-конференција во Кабул, членот на Независната комисија за жалби Ахмад Зија Рафат.Според Рафат, комисијата досега разгледала околу шест илјади жалби.Парламентарните избори во Авганистан беа одржани на 18-ти септември. Тогаш Авганистанците по вторпат излегоа на парламентарни избори од соборувањето на талибанскиот режим во 2001 г. На нив излегоа околу 40 насто од Авганистанците, што беше оценето како успех. Талибаните низ целата земја извршија околу 150 напади во кои загинаа 14 лица, главно гласачи. Конечните резултати од гласањето требаѓе да бидат објавени до 31 октомври, но заради огромниот број жалби комисијата го пролонгираше овој рок. Авганистанскиот парламент ќе има 249 пратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

