Свет
Спасени рударите од поплавениот рудник во Кина
Сите 29-мина рудари, кои 24 часа беа заробени во поплавеното окно на рудник за јаглен во северозападниот дел на Кина, утрово се извлечени од рудникот.
Првично светските агенции јавија дека поплавата во рудникот во градот Неиџианг зароби 28 рудар, бидејќи во тој момент под површината на земјата се наоѓале 41 рудар, но 13 од нив успеале да излезат на површината.
Проценките се дека во рудникот Баитиан има околу 4.000 кубни метри вода. Малиот рудник што се наоѓа во провинцијата Сечуан е во приватна сопственост.
Кинеските власти последниве години вложуваат многу труд за да ги подобрат безбедносните услови во рудниците. Само минатата година во рударски несреќи во Кина животот го загубиле 2.600 рудари.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

