Свет
Во два напада во Авганистан пет загинати
Пет лица загинаа а седум се повредени денеска во два одвоени напади во источниот дел на Авганистан, пренесува РИА Новости повикувајќи се на соопштение на прес-службата на НАТО.Првата експлозија на импровизирана експлозивна направа се случила во округот Зирмат во провинцијата Пактика, при што загинале четворица, а биле ранети двајца цивили.Вториот напад бил изведен во областа Виала во округот Ганихеил во источната провинција Нангахар, кога на автопатот Џалалбад – Торкам – Пешавар експлодира мото-рикша во која бил поставен експлозив. Според началникот на локалната администрација Хаџи Залмај, терористот, кој ја управувал мото-рикшата возел кон градот Џалалабад. Се претпоставува дека рикшата-бомба предвреме експлодирала, па освен најверојатниот самоубиец, полесно се ранети неколку лица од автомобил кој во тој момент се разминувал со него. /крај/риа/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

