Свет
Јад Вашем: Идентификувани две третини од жртвите на холокаустот
Израелскиот меморијален центар за жртвите од холокаустот „Јад Вашем“ објавил денеска дека се идентификувани речиси две третини од шест милиони Евреи кои биле убиени од нацистите и нивните соработници за време на Втората светска војна, пренесува агенцијата Хина.Списокот со имињата на загинатите во холокаустот се зголемил двојно во последните десет години, од два на четири милиони, изјавил директорот на архивата во „Јад Вашем“, Хаим Гертнер. „Процесот на дигитализација навистина многу ни помогна“, додал Гертнер.Тој признал дека малку е веројатно дека центарот би можел да ги идентификува сите жртви. „Околу 90 проценти од имињата на убиените во Западна Европа нам ни е познат, но во источна Европа е друга приказна“, рекол Гертнер.Во Полска е познат идентитетот на половина од убиените три милиони Евреи. Во Белорусија се познати само четвртина од жртвите.„Јад Вашем“ во Ерусалим поседува најголема архива за холокаустот, со 130 милиони документи, 385 илјади фотографии, 2,2 милиони страници сведоштво и околу 200 илјади часа аудио и визуелна документација./крај/хи/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се уморил од грабежот: крадец провалил во стан во Русија, а потоа заспал во него
Крадец заспал во стан во рускиот град Благовешченск откако го ограбил.
Сопственичката го пронашла во таква состојба откако се вратила дома од работа, објави Одделот на Министерството за внатрешни работи на Амурскиот регион.
Жената пријавила во полиција дека, по враќањето од ноќната смена, пронашла непознат маж во својот дом, пренесува РИА Новости.
„Се покажа дека крадецот влегол во куќата низ прозорецот во текот на ноќта, со намера да изврши кражба, знаејќи дека сопствениците не се таму. Осомничениот ги спакувал телевизорот и моторната пила во чантите, но, претпоставувајќи дека сопственичката ќе биде отсутна долго време, решил да се одмори и заспал. Сопственичката на куќата го пронашла во таква состојба кога се вратила од работа“, се наведува во извештајот.
Полицијата го привела осомничениот за обид за кражба на станот.
Станува збор за 45-годишен локален жител со претходно криминално досие за кражба и трговија со дрога.
Против него е покрената кривична постапка, а РИА потсетува дека обидот за кражба извршен со нелегално влегување во дом носи казна затвор до шест години.
Како превентивна мерка, на крадецот му е дадена писмена обврска да не го напушта просторот и да се однесува соодветно.
Фото: принтскрин
Свет
Паника во американската воена база поради сомнителен пакет
Неколку лица се разболеле и биле однесени во болница откако сомнителен пакет со бел прав бил доставен до воздухопловната база „Ендрус“ во американската држава Мериленд, според официјални лица и извори запознаени со истрагата, пренесува CNN.
Според соопштението од базата Ендрус, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, пренесува CNN.
Тимовите за итна интервенција реагирале брзо и утврдиле дека нема непосредна закана, по што случајот бил предаден на Канцеларијата за специјални истраги.
Неколку лица кои биле во контакт со пакетот, или во негова близина, биле транспортирани во медицинскиот центар во рамките на базата.
Првичниот тест не открил присуство на опасни супстанции, но истрагата продолжува.
Сè уште не се познати степенот и природата на симптомите кај оние кои се разболеле.
Тимот за опасни материјали го напуштил местото на настанот синоќа.
Просторијата каде што бил отворен пликот – во зградата каде што се наоѓа Центарот за подготвеност на Националната гарда – е сè уште затворена.
Базата „Ендрус“, која се наоѓа во близина на Вашингтон, е позната, меѓу другото, по тоа што се користи за патувања на американскиот претседател, потпретседателот и членовите на кабинетот.
Лидерот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, беше во базата еден ден пред инцидентот, во средат, пренесуваат светските медиуми.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони
Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата.
„Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач на авиони во кинеската флота, прв опремен со електромагнетни катапулти (EMALS) – технологија што досега ја поседува само американскиот „USS Gerald R. Ford“. Со тоа се овозможува полетување на авиони со поголем товар и поголем дострел.
President Xi Jinping on Wednesday attended the commissioning and flag-presenting ceremony of the Fujian, China's first aircraft carrier equipped with electromagnetic catapults, in south China's Hainan Province, according to Xinhua.
Xi, also general secretary of the Communist… pic.twitter.com/uTKFz6n1pD
— Global Times (@globaltimesnews) November 7, 2025
Иако користи конвенционален погон, за разлика од американските нуклеарни носачи, „Фуџијан“ со истиснина од 80.000 тони се смета за најмоќниот кинески брод досега и извор на национална гордост. Во Кина веќе се гради и четврти носач, познат како „Тип 004“, кој се очекува да има и нуклеарен погон.

