Свет
Германија ќе го намали бројот на војници за 25 проценти
Германија ќе го намали бројот на припадниците на вооружените сили, ќе го укине воениот рок и ќе ја намали воената бирократија, изјавил денеска министерот за одбрана Карл-Теодор Гутенберг пред високи воени претставници во Дрезеден, пренесува агенцијата Хина.Според неговите зборови, целта е копнената армија, морнарицата и военото воздухопловство заедно да имаат меѓу 180 до 185 илјади припадници. Германската војска позната како Бундесвер, моментално има меѓу 240 до 250 војници, а тоа е намалување за една четвртина.Планот ќе се спроведе ако тоа го одобри парламентот на први јули следната година, рекол министерот.Воениот рок ќе биде заменет со кратка обука за која мажите и жените ќе се пријавуваат доброволно. Тие ќе служат во војската заедно со професионалните војници од 12 до 23 месеци, а по првите 12 месеци ќе можат да служат и надвор од земјата.Гутенберг најавил дека Германија наскоро ќе донесе нова стратегија за одбрана, клучен политички план за војската.Гутенберг и Меркел ги бранат промените пред најтешката публика: високите офицери кои ќе се соочат со ,многу помал буџет и кадар. Меркел нив ги повикала да го почитуваат „духот на промената“.Тоа ќе биде „најтешка промена во војската од основањето на Бундесвер 1955 “, рекол Гутенберг./крај/хи/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

