Свет
Сад, Кина и Русија се противат на договорот за касетно оружје
Сад, Кина и Русија се противат на договорот кој e потпишан од 108 земји за забрана на касетното оружје кое убива цивили долго по завршувањето на војната, објави денеска меѓународна организација, „Хјуман Рајтс Вотч“, пренесува агенцијата Хина. Оваа меѓународна организација со седиште во Њујорк тврди дека трите сили, заедно со Индија, Пакистан, Израел и Јужна Кореја, се обидуваат да го ослабат договорот, иако тој веќе почна да се применува.„Повеќе од две години по прифаќањето на конвенцијата за касетното оружје, САД и останатите водечки воени сили активно се спротивставуваат“, се вели во извештајот на страница 224.Извештајот на ХРВ беше претставен во Женава,европско седиштето на ОН. Конвенцијата, која беше прифатена од страна на земјите во рамки на ОН кои преговараат за разоружување, забрана за производство, складирање и продажба на сите видови оружја кои се испалуваат рачно или од топови.Противниците тврдат дека така се убиени илјади цивили, тука не се вклучени податоците за загинатите во сиромашните земји, откако во САД касетното оружје за првпат беше употребено во Виетнамската војна во 60-тите години на минатиот век./крај/хи/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

