Свет
Три високоризични фондови на Вол Стрит под лупа на ФБИ

Агенти на ФБИ спроведоа три големи рации во канцелариите на високоризични фондови на Вол Стрит, во рамки на големата истрага за инсајдерско тргување.
ФБИ спроведе рации во канцелариите на Level Global Investors LP во Њујорк, во седиштето на Diamond Capital Management LLC во Стамфорд, како и во канцеларијата на Loch Capital Management во Бостон.
Од ФБИ потврдуваат дека се извршени претреси, и дека не можат да соопштат други детали за да не ја загрозат истрагата.
ФБИ и другите агенции го истражуваат инсајдерското тргување на високоризичните фондови и инвестициските банки, јави викендов „Вол Стрит Журнал“. Компаниите наводно заработиле десетици милиони долари илегален профит користејќи тајни податоци за спојување на компаниите.
Рациите се случуваат по еден месец откако државниот адвокат Прит Барара пред Адвокатската комора во Њујорк изјави дека криминалот на Вол Стрит е во пораст. /крај/всџ/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 11.443 лица, од кои 1.839 биле позитивни на коронавирус, а 20 лица починале.
На апарати за дишење се приклучени 164 пациенти.
Во Србија се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19. Само денес вакцинирани се 41.305 лица, а од почетокот на вакцинацијата 361.830 лица.
Србија е на трето место во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители, по Велика Британија и Малта, изјави српската влада за „Танјуг“.
Во регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија и Словенија.
Европа
Евакуирана фабрика која произведува вакцини за „Астра Зенека“, се сомневаат на бомба

Полициските единици за отстранување бомби се испратени во фабрика во Велс, која произведува вакцини против коронавирус за „Астра Зенека“, пренесуваат светските медиуми.
Според британските медиуми, во фабриката пристигнал сомнителен пакет.
„Примен е сомнителен пакет, по што ги известивме надлежните органи. По нивен совет, дел од објектот беше евакуиран. Истрагата е во тек“, изјавија од фабриката.
Засега нема информации за можни жртви.
Road closed off and factory sealed off. pic.twitter.com/3hSnnUgS0s
— ian hunter (@ian_hunter9) January 27, 2021
Џон Роберт, сопственик на компанија лоцирана во близина на фабриката, тврди дека слушнал силен тресок околу 11:35 часот по локално време.
„Тројцата разговаравме кога слушнавме силна експлозија или тресок. Излегов надвор, не можев да видам ништо. Погледнав на друга страна и видов двајца мажи на покривот. По тоа, полицијата дојде и ги блокираше патиштата и ги претресе грмушките“, вели Роберт.
Неговиот син Марк рече дека полицијата ги затворила патиштата и дека слушнале дека таму има тим за отстранување бомби.
„Тие се тука околу еден час или нешто повеќе“, рече Марк.
Major Incident at Wockhardt, Wxm Ind Est, road closed @wrexham pic.twitter.com/cRfDYFX4wV
— Pauline Salisbury (@PaulSalisbury15) January 27, 2021
Би-би-си наведува дека полицијата поставила кордон во близина на фабриката и патиштата биле затворени, а органите за спроведување на законот апелирале до граѓаните да ја избегнуваат таа локација.
Европа
Германски гувернер ја навреди Меркел, па се извини поради изјавата

Гувернерот на германската сојузна држава Тирингија, Бодо Рамелов, се извини затоа што германската канцеларка ја нарекол „малата Меркел“ за време на неодамнешниот видеоразговор и ненамерно покажал „мачо“ однесување.
Во денешниот број, дневниот весник „Ди цајт“ наведува дека Рамелов рекол дека деминутивот требало да го користи за политичари.
„Наместо тоа, јас зборував за жена. Тоа беше глупаво и звучеше навредливо“, рече Рамелов и истакна дека тој лично и се извинил на канцеларката, пренесува АП.
Покрај тоа, локалните медиуми посочија дека Рамелов за време на состанокот играл игра „кенди краш“ на телефон.
„Многу луѓе играат шах или судоку, јас играм ’кенди краш’“, рече тој.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот