Свет
Намален бројот на лицата заразени со ХИВ

Бројот на нови случаи на ХИВ/СИДА се намалил за околу една петтина во последните десет години, но милиони луѓе сè уште се погодени од недостатокот на сериозен напредок во превенцијата и лекувањето, соопштија Обединетите нации
Во 2009 г., 2,6 милиони луѓе биле заразени со ХИВ вирусот што предизвикува СИДА, намалувањето е за 19 отсто во однос на 3,1 милиони луѓе кои се заразиле во 2001 година, пишува во Програмата на ОН за ХИВ/СИДА.Податоците покажуваат дека починале околу половина од 60 милиони луѓе кои се инфицирале со ХИВ/СИДА од почетокот на пандемијата пред 30 години.Извршниот директор на УНАИДС, Мајкл Сидибе повика на претпазливост во врска со сé поголемото влијание на мерките за заштита и медицинскиот третман, наведени во глобалниот извештај за епидемијата на СИДА во 2010 година.„Ние застанавме и почнавме пресврт на епидемијата. Сè помалку луѓе се инфицирани од ХИВ и сè помалку луѓе умираат од СИДА“, додаде тој.Сидбе рече дека сè уште не сме во позиција да тврдиме дека мисијата е извршена.На крајот од минатата година околу 33,3 милиони луѓе во светот живееле со ХИВ вирусот што предизвикува СИДА, што е за околу сто илјади помалку во однос на 2008 г.Сидибе соопшти дека е на пат да се постигне револуција во превенцијата, вклучувајќи создавање гел кој им помага на жените да се штитат, како и пробив во терапијата со лекови.Сидибе рече дека инвестициите за борба против ХИВ/СИДА за првпат престанале да растат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Франција го врати полицискиот час

Во Франција повторно е на сила полициски час, откако земјата го надмина прагот на 70.000 смртни случаи поради Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.
Вкупно 70.142 лица починаа како резултат на болеста, од нив 196 во последните 24 часа, се вели во дневниот извештај на националната агенција.
Бројот на новозаразени е сè уште висок со 21.406 случаи во последните 24 часа, слично како и во последните денови.
Полицискиот час повторно почна вчера од 18 до 6 часот наутро во обид да се спречи зголемувањето на бројот на заразени со вирусот.
Министерството за здравство објави нови податоци за бројот на вакцинирани, 413.046, во саботата, за разлика од 389.000 во петокот, пренесе „Ројтерс“.
Регион
Србија досега вакцинираше 22.000 лица

Заклучно со вчерашниот ден, 22.000 лица биле вакцинирани против коронавирус во Србија, а имунизациите биле извршени во 10 градови, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек.
Тој посочи дека сè поминало без никакви проблеми, како и дека интересот за вакцинација е поголем од очекуваниот.
Како што соопшти, преку веб-страницата на е-влада досега се пријавиле околу 280.000 граѓани кои се заинтересирани да примат вакцина.
Гостувајќи во утринската програма на РТС, Џерлек рече дека целта е во наредните денови да се отворат повеќе од 300 пунктови за вакцинација низ цела Србија.
„На контролните пунктови ќе има три до 10 тимови за вакцинација, а идејата е да се вакцинираат од 50 до 100 лица за еден час, како и да се зголеми тој број од 22.000 за четири до пет пати во наредните денови“, рече Џерлек.
Регион
Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години.
По вакцинацијата на здравствените работници, програмата за вакцинација на коронавирус влегува во фаза на инјектирање на првата доза врз општата популација.
100-годишен старец вчера доцна попладне беше вакциниран на островот Крит.
Андроникос Панталос беше еден од првите што учествуваше во програмата за вакцинација. Постариот човек се појавил во болницата со својата ќерка и бил вакциниран, јавуваат грчките медиуми.
До денес, 75.276 лица се вакцинирани во Грција.
Во петокот попладнето, заменик министерот за здравство Василис Контосаманис ја коментираше веста дека ќе се одложи снабдувањето со вакцини на Фајзер во Грција, како и низ цела ЕУ. Тој увери дека Грција има количини за да им ја обезбеди втората доза на оние кои веќе биле вакцинирани.
Грција обезбеди 26.090.000 дози, што одговара на вакцинирање на 15.450.000 граѓани.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира