Свет
Британија ќе го затега ременот за имигрантите

Британија ќе наметне строги годишни ограничувања на бројот на луѓе кои им е дозволено да работат во земјата, а не се од Европа и ќе го скратат бројот на визи за студентите од прекуокеанските земји, во обид да ја намали имиграцијата, пренесува Асошиејтед пресМинистерската за внатрешни работи, Тереза Меј, на Долниот дом на парламентот му соопшти дека од април 2011 година, работните дозволи за луѓе кои не се од Европа ќе бидат ограничени на 22.000, што е за една петина помалку од 2009 година. Илјадниците работници на кои им е дозволено да работат во Британија преку внатрешните размени на компаниите не вклучени во оваа бројка, ниту пак влегуваат во новата квота. Целта на владата на Камерон е до 2015 година да се намали вкупната бројка на имигранти до 100.000 годишно, од 196.000 во 2009 година. „Не можеме вака да продолжиме, мораме да го затегнеме нашиот имиграциски систем“, рече Меј.Незадоволството на јавноста поради големата имиграција и оптоварувањето на социјалните служби од страна на новите дојденци, беше една од клучните теми на парламентарните избори. Дури и дојде до отворен вербален судир помеѓу тогашниот премиер Гордон Браун и еден постар гласач, поради напливот на работници од Источна Европа. Како членка на ЕУ, Британија мора на жителите на другите земји – членки да им овозможи слободно да работат и да живеат во Британија. Деловната заедница го повика премиерот Камерон да не воведува силни рестрикции за работниците надвор од Европа, со аргумент дека ќе бидат повеќе клучни сектори ќе останат без работници, особено здравството и инфраструктурните проекти од областа на енергетиката. Меј, сепак, истакна дека Британија секоја година ќе резервира 1.000 визи за талентирани научници, академици и уметници. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Во Белград откриен споменикот на Стефан Немања, висок 23 метри

Вечерва, во Белград беше откриен грандиозен споменик на српскиот средновековен владетел Стефан Немања. На настанот присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
На насобраните луѓе им се обратија и Вучиќ и Додик. Српскиот претседател рече: „Се трудевме да ја обновиме Србија, но и да ја вратиме вербата во себе“.
„Местото на кое стојам некогаш беше срам за сите, а вечерва сум среќен затоа што тука каде што стојам, на улицата Немањина, се наоѓа храмот на свети Сава. Успеавме да го осликаме, а така ќе го обновиме и Хиландар и цела Србија. Успеавме економски да ја обновиме земјата и национално да ја воздигнеме“, рече Вучиќ додавајќи дека во власта се прашувале дали 23-те метри колку што е висок споменикот се доволни за да ја одразат големината на Стефан Немања и неговото значење за српскиот народ.
„До него ние бевме племе. Ова не е само чин на откривање на таткото и творецот на државата, ова е еден вид чин на грижа за нас и нашиот идентитет. Да застанеме тука пред големиот Стефан Немања, значи еден вид покајание за сите години што ги заборавивме“, истакна Вучиќ.
Овој споменик, вели тој, е одличен затоа што приказната за нас е одлична.
Свет
САД го добија новиот државен секретар

Ентони Блинкен стапи на функцијата државен секретар на САД. Тој вети дека ќе ги подобри односите со глобалните партнери и ќе му покаже на светот дека Соединетите Американски Држави може да играат водечка улога, истовремено решавајќи го проблемот со климатските промени, распадот на демократијата и други сложени прашања.
Мал број вработени, ограничен поради мерките против коронавирусот, го поздравија Блинкен со аплауз.
„Светот во моментот внимателно нè следи сакајќи да знае дали можеме да ја лекуваме нашата нација, дали можеме да водиме со пример и дали ќе можеме да се соочиме со големите предизвици на нашето време преку дипломатски односи со нашите сојузници и партнери“, рече Блинкин.
Меѓу тие предизвици тој ги вклучи пандемијата на коронавирусот, климатските промени, глобалната економија, заканите за демократијата, борбата за расна еднаквост и правда и опасноста за безбедноста и глобалната стабилност што доаѓаат од противниците. Новиот државен секретар не одговори на прашањето на новинарите кој предизвик го смета за најприоритетен.
Блинкен рече дека Стејт департментот мора да работи на воспоставување обединет фронт со сојузниците за надминување на предизвиците.
Тој е дипломат со долгогодишно искуство, служеше како заменик-државен секретар за време на владеењето на Барак Обама.
Предлогот на Бајден за државен секретар да биде назначен Блинкен беше потврден вчера од Сенатот со 78 гласа „за“ и 22 „против“.
Свет
Сијарто: Набавуваме руски вакцини поради бавноста на ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека главната причина што Унгарија набавува вакцини од алтернативни производители е тоа што Европската Унија е премногу бавна во процесот на дистрибуција.
Иако Унгарија, како членка на ЕУ, е дел од официјалниот механизам за набавка на вакцини, властите на оваа земја одлучија да набават 2 милиона дози од руската вакцина „спутник В“, што предизвика спротивставени коментари во рамките на ЕУ.
„Очекувањата од ЕУ беа навистина големи, но сега гледаме дека дистрибуцијата на вакцини е многу побавна и се доставуваат помалку вакцини во земјите отколку што беше ветено на почетокот. Сепак, некои европски институции и бирократи продолжуваат да ги напаѓаат земјите што бараат алтернативни начини за да набават вакцина. Ова е најважното прашање во моментот и ние сакаме да ги спасиме животите на нашите граѓани“, рече Сијарто.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот