Свет
Ј. Кореја ќе ги зголемува трупите на нападнатиот остров
Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг-бак денеска најави дека ќе го зголеми бројот на трупите на островот кое беше цел на севернокорејското бомбардирање, а Северот веднаш предупреди дека ќе следат нови напади ако Југот преземе какви и да е „непромислени воени провокации“, пренесува Асошиејтед прес„Не смееме да го спуштиме гардот при подготовките за нова можна провокација . Мислам дека во секој момент можеме да очекуваме уште една ваква провокација од Северна Кореја“, рече претседателот на итната средба на тема последиците по безбедноста и економијата од нападот. Тој додаде дека ќе се зголеми бројот на војници на нападнатиот остров Јеонпјеонг и уште на четири острови долж спорната поморска граница меѓу двете Кореи, со што ја поништи одлуката од 2006 година за нивно намалување. Во моментов, Јужна Кореја во таа област има 4.000 војници. Сеул и Вашингтон исто така го зголемија притисокот врз Кина да го употреби своето влијание над Северна Кореја да ги намали тензиите по размената на артилериски оган во вторникот, во кој загинаа четворица Јужнокореанци, двајца војници и двајца цивили. Кина за сега ги повикува и двете страни да покажат воздржаност и повторно повика на обновување на шестпартитните преговори за севернокорејската нуклеарна програма, во кои се вклучени двете Кореи, Кина, Русија, САД и Јапонија, како најдобар начин да се обезбеди стабилност на Корејскиот полуостров. Нападот од Северна Кореја крена тревога помеѓу светските лидери, а американскиот претседател истакна дека, наспроти тензиите, ќе се одржи заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја во Жолтото море, во која ќе учествува и носач на авиони на нуклеарен погон. Северна Кореја во своето денешно соопштение не ги споменува вежбите, но предупреди дека нејзината армија без да се премислува ќе изврши и втор и трет физички напад, ако јужнокорејските поттикнувачи на војна направат непромислени воинствени провокации“. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Калас: Русија не ја добива војната
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека одржувањето избори во Украина додека трае војната со Русија „дефинитивно не би било добро решение“, нагласувајќи дека воените услови ги отежнуваат демократските процеси исклучително.
Русија не ја добива војната
Зборувајќи пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, Калас се осврна на медиумските извештаи што сугерираат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да објави подготовки за можни пролетни претседателски избори и референдум за мир.
„Повеќето европски земји имаат одредба во својот устав дека изборите не се одржуваат за време на војна“, рече Калас.
„А зошто? Затоа што ако имате избори, секогаш има борби внатре меѓу различни фракции, а кога имате надворешни напади, буквално, тогаш едноставно не можете да одржите избори затоа што вашиот противник е надвор и мора да ги концентрирате сите ваши напори на соочување со него.“
Таа ги отфрли наративите што сугерираат дека Русија презема предност во војната, велејќи дека Москва се соочува со растечки предизвици. „Важно е да се знае дека Русија не ја добива оваа војна. Стапката на жртви расте. Нивната економија не оди добро“, рече таа, додавајќи дека министрите за одбрана на ЕУ разговараат за понатамошни начини за поддршка на Украина.
„Да не го одвлекуваме вниманието од Украина“
Калас рече дека состанокот ќе се фокусира и на придонесите на ЕУ кон идните безбедносни гаранции на Украина, вклучително и плановите за обука на украински војници на украинска територија. „Идентификувавме два центри за обука што би можеле да се користат за оваа цел“, рече таа.
Таа, исто така, се осврна на новодоговорената мисија на НАТО „Арктичка стража“, велејќи дека ЕУ развива ревидирана арктичка стратегија која, за разлика од претходните, ќе се справи со безбедносните прашања заедно со климатските и еколошките проблеми.
Но, таа предупреди дека вниманието не треба да се одвлекува од Украина. „Исто така е важно ние, се разбира, да останеме будни, но да не го одвлекуваме вниманието од местото каде што се сегашните закани, што е, се разбира, Украина“, рече таа.
Калас нагласи тесна координација меѓу ЕУ и НАТО за да се избегне дуплирање, истакнувајќи дека додека алијансата поставува цели за капацитети, земјите-членки на ЕУ и одбранбените индустрии мора да се усогласат за да ги исполнат.
Свет
(Видео) Тупаници во турскиот парламент: хаос околу положувањето заклетва на новиот министер за правда
Хаос избувна во турскиот парламент кога членовите на владејачката партија и опозицијата се судрија околу положувањето заклетва на новиот министер за правда, Акин Гурлек, што доведе до туркање и физичка пресметка, пренесуваат медиумите во регионот.
Според написите, пратениците од опозицијата се обидоа да го спречат главниот обвинител на Истанбул, Акин Гурлек, кој беше назначен од претседателот Реџеп Таип Ердоган на оваа важна судска функција, да положи заклетва во парламентот. Додека страстите се разгоруваа, пратениците се туркаа меѓусебно, а некои дури и се удираа меѓусебно.
Регион
Хрватска, заедно со Албанија и Косово, ќе одржи заедничка воена вежба
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу го најави одржувањето на првата трилатерална воена вежба меѓу Албанија, Косово и Хрватска во 2026 година, како дел од неодамна потпишаниот договор за соработка меѓу трите земји.
Венгу објави дека е направен уште еден важен чекор во спроведувањето на трилатералниот договор, истакнувајќи дека началниците на генералштабовите на Албанија, Косово и Хрватска одржаа заеднички состанок со цел понатамошно подобрување на воената соработка.
Според него, фокусот на соработката е на зајакнување на воената координација, поголема интероперабилност и подигнување на оперативната подготвеност на вооружените сили на трите земји. Посебен акцент е ставен на развојот на заеднички вежби и обуки за справување со безбедносните предизвици и хибридните закани.
„Првата трилатерална вежба ќе се одржи во 2026 година, во согласност со Стратешкиот концепт на НАТО и евроатлантските цели“, објави Венгу.
Во Скадар се одржа состанок на началниците на генералштабовите на вооружените сили на Албанија и Хрватска и командантот на Косовските безбедносни сили, а состанокот предизвика реакција од српското Министерство за одбрана, кое го оцени како закана за мирот во регионот, пренесуваат медиумите во соседството.
Српското Министерство за одбрана објави дека остро го осудува трилатералниот состанок, оценувајќи дека продлабочувањето на воената соработка претставува фактор на притисок и безбедносен предизвик за Србија и српскиот народ на Косово, како и закана за мирот и стабилноста во регионот.
Претходно, на 30 јануари во Загреб се одржа состанок на Хрватска, Албанија и Косово на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.
Сите овие состаноци се одржаа по меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Албанија, Хрватска и Косово го потпишаа на 18 март 2025 година во Тирана.

