Свет
Политичари по завршувањето на НАТО самитот се забавувале со 80 проститутки
Грузиската делегација по завршувањето на НАТО самитот во Португалија прославила со забава во луксузен хотел во Лисабон. На прославата им се придружиле и 80 проститутки.
На забавата дури и настанал и инцидент со една од нив, а на вревата се пожалил францускиот претседател Никола Саркози.
Поради неговите жалби раководството на хотелот наредило забавата да заврши порано од планираното, пишува рускиот весник „Правда“.
Весникот прашува дали е тоа вистинскиот начин една делегација да се однесува и дали НАТО така ги троши парите.
На забавата наводно им се придружиле и ерменските колеги.
Персоналот на еден од најскапите хотели се пожалил кога сфатиле дека во хотелот има проститутки.
Премиерот Леван Вепкавадѕе инцидентот го нарекол „срамота“ и најавил истрага, пишува „Месинџер“.
„Грузија ништо не постигна во меѓународната арена. Останаа само забележани кај локалната полиција поради оргија и славење со шампањ“, рекол Ника Лалиашвил, член на најголемата партија Христијанско демократско движење.
Членовите на делегацијата ги отфрлиле сите обвинувања.
Пратеникот од грузискиот парламент Михаил Мачаварини обвиненијата ги поврзал со обидите на Русија да ги „засени” неодамнешните дипломатски успеси на Грузија. /крај/дхр/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

