Свет
Двојно зголемен бројот на сиромашни земји во изминатите 40 години

Бројот на сиромашни земји во светот е двојно зголемен во изминатите 40 години, покажуваат податоците во Извештајот на Обединетите Нации (ОН) за 2010 година.ОН наведува дека бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија исто така е двојно зголемен од 1980 година па се до денес.Во извештајот за 49 најмалку развиени земји кој беше претставен во Женева, Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД) оценува дека досегашниот модел за развој се покажа како неуспешен.Генералниот секретар на УНКТАД, Супачај Паничпакди изјави дека во последните 30-40 години бројот на сиромашни во најнеразвените земји е двојно зголемен.„Денес има 49 сиромашни земји, во однос на 1971 година кога имаше 25“, соопштија од ОН.Бројот на луѓе кои живеат во беда се искачи на 421 милион во 2007 година , се наведува во Извештајот на УНКТАД./крај/бе/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Киргистан бара 500.000 дози вакцина против Ковид-19 од Русија

Киргистан побара од Русија 500.000 дози вакцина против новиот коронавирус, рече киргистанскиот министер за здравство, Алимкадир Бејшеналиев, во интервју за националниот радиодифузер „Биринчи“.
„Раководството на Киргистан испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Побаравме 500.000 дози вакцина“, рече Бејшеналиев додавајќи дека земјата добила согласност од руското Министерство за здравство и дека прашањето ќе се реши во блиска иднина.
Според Бејшеналиев, епидемиолошката состојба во земјата останува тешка и потребно е да се почне со масовна вакцинација за да се врати во нормален живот.
Бејшеналиев вчера рече дека Киргистан нема намера да ја прими пратката со вакцини од „Фајзер“ против Ковид-19 бидејќи во земјата немаат соодветни ладилници за складирање на вакцината. Според министерот, еден фрижидер за одржување на потребната температура чини околу 4.000 американски долари.
„Потребни се уште два милиона долари за чување на вакцината на ‘Фајзер’“, додаде тој.
Од појавата на коронавирусот на почетокот на минатата година Киргистан потврди 83.430 заразени и 1.392 смртни случаја.
Свет
Египет и Катар ќе ги обноват дипломатските врски

Египетското Министерство за надворешни работи информира дека Каиро се согласил да ги обнови дипломатските врски со Доха, пренесува „Спутник“.
„Арапската Република Египет и државата Катар разменија две официјални белешки денес, 20 јануари, според кои двете земји се согласија да ги обноват дипломатските односи“, се вели во соопштението.
Соопштението доаѓа во пресрет на заедничката декларација на Катар и земјите од Заливот, заедно со Египет, за решавање на сите несогласувања со Доха по тригодишниот конфликт.
Минатата недела Египетската управа за цивилно воздухопловство објави продолжување на воздушниот сообраќај со Катар и укинување на воздушното ембарго претходно наметнато на авиокомпаниите во земјата.
Во 2017 година Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските врски со Катар обвинувајќи го за мешање и спонзорирање на тероризмот. И неколку други земји подоцна го сторија тоа, а други ги намалија дипломатските врски со Доха и воведоа целосна блокада на земјата.
Доха постојано ги негира обвинувањата тврдејќи дека незадоволството на нејзините соседи од економските успеси на нацијата е причината зад нивните непријателски политики.
Свет
Судот во Москва го одложи судењето на Навални за 5 февруари

Судот во Москва го одложи почетокот на судењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, обвинет за клевета на ветерани од Втората светска војна, соопштија неговите адвокати.
Адвокатката Олга Михаилова рече дека судењето е одложено за 5 февруари бидејќи Навални беше ставен во карантин поради пандемијата на коронавирусот по враќањето од Германија.
Судот пресуди дека рочиштето мора да се одржи во негово присуство, рече таа, додавајќи дека ја поддржува одлуката.
Во твит во јуни Навални рече дека ветераните и другите што се појавија во провладиното видео се срам за земјата и дека се предавници.
Видеото ги промовира уставните амандмани донесени минатото лето, со кои се дозволува рускиот претседател Владимир Путин да остане на функцијата до 2036 година.
44-годишниот Навални бил задржан на аеродромот во Москва по враќањето од Германија, каде што бил пренесен во август на лекување од труење.
Тој е обвинет за кршење на условите за условно ослободување врз основа на казната изречена во 2014 година за измама, со тоа што двапати месечно не се јавувал пред руските власти како што требало.
Тој е во притвор до 15 февруари. Првите 14 дена мора да ги помине во карантин поради пандемијата на коронавирусот.
Судот ќе одлучи на 2 февруари дали условната казна од три и пол години изречена за измама треба да се промени во затвор.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира