Свет
Русија ќе дозволи транспорт на оклопни возила до Авганистан
Русија ќе му дозволи на НАТО преку нејзината територија да пренесе оклопни возила за Авганистан, согласно новиот договор за транзит што треба да ја намали зависноста на Алијансата од добрата волја на Пакистан, рекол министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.Рускиот амбасадор во НАТО, Дмитриј Рогозин објаснил дека возилата се наменети за безбеден превоз на цивилите, како и дека нема да ги употребуваат силите на Алијансата.Москва и НАТО на самитот во Лисабон се договорија за проширување на превозот за материјали наменети за Авганистан преку руска територија. Сојузот не откри какво компромисно решение е постигнато. Русија досега не дозволуваше превоз на материјали што ги опслужуваат НАТО силите во авганистан./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

