Свет
Дванаесет полицајци убиени во самоубиствен напад во Авганистан
Двајца бомбаши-самоубијци во саботата влегле и се во седиштето на безбедносните полициски сили во источната авганистанска провинција Пактика при што заинале најмалку 12 полицајци
Како што изјавил претставникот на командата на локалната полиција, генералот Дауд Андараби, во овој терористички напад загинале 12 полицајци а повче од 16 биле повредени. Другите деатали од последнито напад врз авганистанските полицајци засега не се познати.Во телефонск азијава за РИА Новости, гувернерот на провицнијата Пактика, Махибула Самим, нападот се случил во градот Шаран, главниот админситративен центар на провинцијата. Гувернерот не можел да го соопшти точниот број на загинати и повредени, одговарајќи само дека сите повредени биле веќе пренесени до медицинската единица во воената база во НАТО каде им е пружена итна помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток
Во услови на континуирана размена на ракетни напади на Блискиот Исток, Иран соопшти дека гаѓал во 27 американски воени локации во регионот. Иранската револуционерна гарда наведе дека цел биле и израелската воздухопловна база Тел Ноф, воено седиште и голем одбранбен комплекс во Тел Авив.
Според ИРГЦ, станува збор за шести „бран“ одмазднички напади во кои биле користени ракети и дронови. Гарда порача дека ќе продолжи со воените дејствија, но овие тврдења не се независно потврдени.
„Вооружените сили на Исламската Република Иран нема да дозволат да замолкнат сирените за воздушна опасност на окупираните територии и во американските бази. Ќе продолжиме со повторени и болни удари, што претставува нов и многу тежок чекор на одмазда“, се наведува во соопштението што го пренесуваат државните медиуми ИРИБ.
Фото: depositphotos
Свет
Кој е Али Ларијани, човекот што ја презема лидерската функција во Иран?
Иранскиот политички ветеран Али Ларијани во неделата соопшти дека ќе се воспостави привремено раководство откако во воздушен напад беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хамнеи, пренесе Ројтерс. Ларијани минатата година повторно се издигна како една од највлијателните фигури во безбедносната структура на Иран.
Тој раководел со широк спектар прашања – од нуклеарните преговори и регионалните односи, до одговорот на властите на внатрешните немири. Во август беше именуван за секретар на Врховниот совет за национална безбедност, функција што ја извршувал и претходно.
Како близок соработник на Хамнеи, Ларијани учествувал во подготовките за индиректни нуклеарни разговори со САД во Оман, а во изминатите месеци повеќепати патувал и во Москва на средби со руското раководство. Тој зазема прагматичен тон за нуклеарното прашање, наведувајќи дека загриженоста на САД може да се реши, но истовремено истакнал дека иранската нуклеарна технологија „не може да се уништи“.
САД во јануари му воведоа санкции, обвинувајќи го дека имал водечка улога во задушувањето на антивладините протести. Американското Министерство за финансии соопшти дека Ларијани повикал на насилен одговор против демонстрантите, додека организациите за човекови права наведуваат дека во пресметките биле убиени илјадници лица.
Ларијани бил претседател на парламентот од 2008 до 2020 година и важи за влијателна фигура која одржува односи со различни фракции во системот. Роден е во 1958 година во Наџаф, во угледно клерикално семејство, а докторирал филозофија во Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нереди во Багдад, демонтранти на улиците бесни поради смртта на Хамнеи
Демонстранти во Багдад се обиделе да упаднат во строго чуваната Зелена зона, каде што се наоѓа и американската амбасада, како реакција на убиството на иранскиот врховен водач, пренесува Си-Ен-Ен.
Судири избиле на Мостот 14 Јули, кој води кон Зелената зона. Според снимка до која дошол медиумот, се гледаат блесоци и чад, по што демонстрантите се повлекле.
🇮🇶🇺🇸🇮🇷 – IRAK / ETATS-UNIS / IRAN
🔸Affrontements violents dans la Green Zone à Bagdad en Irak avec des manifestants anti-US. https://t.co/xJwR8wkYMQ pic.twitter.com/qgDiLal9ml
— NEXUS (@nexus_osint) March 1, 2026
Истовремено, протести се одржале и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што граѓаните марширале и скандирале.
Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран. Владата соопшти дека заедничкиот американско-израелски напад врз Иран бил „очигледен чин на агресија и дело вредно за осуда што ги крши сите хуманитарни и морални норми“.

