Свет
Папата Бенедикт XVI повика на истрајност при нуклеарното разоружување
Папата Бенедикт XVI денеска повика на истрајност во нуклеарното разоружување при примањето на акредитивните писма на новиот јапонски амбасадор во Ватикан, Хидеказе Јамагучија, пренесува агенцијата Хина.„Трагедијата на Хирошима и Нагасаки потсетува на потребата на истрајност во напорите за неширење на нуклеарното оружје и разоружувањето“, оценил папата. Тој нагласил дека „споменот на таа тажна епизода на човечката историја станува се поболна како што умираат и оние кои биле сведоци на тој ужас“.За Бенедикт XVI атомското оружје и натаму останува „најголема грижа бидејќи неговото поседување и опасноста што ја носи предизвикува тензија и недоверба во голем број делови во светот“. Јапонија и Ватикан се залагаат за свет без нуклеарно оружје, нагласил Папата и предложил „дел од износот наменет за оружје да се пренасочи за социјален и економски развој како и во образованието и здравството“.Бенедикт XVI ја пофали Јапонија заради нејзиното големо финансирање на политичката соработка и помош на земјите во развој./крај/хи/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По 11 години, осум семејства на патници на летот MH370 добија отштета
Суд во Пекинг ѝ наложи на „Малезија ерлајнс“ да им исплати отштета на семејствата на осум патници на исчезнатиот лет MH370. Секое семејство има право на 2,9 милиони јуани, што е околу 352.600 евра, пренесува „Скај њуз“.
Летот MH370 мистериозно исчезна во 2014 година на пат од Куала Лумпур до Пекинг, предизвикувајќи една од најголемите пребарувања во историјата на воздухопловството. Бидејќи авионот и патниците никогаш не се пронајдени, тие се прогласени за законски мртви. Повеќето од патниците беа кинески државјани, а нивните семејства сè уште бараат одговори.
Судот, исто така, објави дека 23 други случаи се во тек, додека во 47 други се постигнати договори и тужбите се отфрлени. Минатата недела, малезиската влада објави дека потрагата по авионот ќе продолжи на 30 декември.
Последната комуникација од авионот е снимена околу 40 минути по полетувањето, додека летал над виетнамскиот воздушен простор.
Податоците од радарот покажаа дека авионот нагло се свртел налево, летајќи над Малајскиот Полуостров. Истражителите веруваат дека се урнал во Индискиот Океан, западно од Австралија. Оттогаш, неколку мали парчиња остатоци кои беа пронајдени се верува дека припаѓаат на исчезнатиот авион, кој превезувал 227 патници и 12 членови на екипажот.
Сепак, без да ги пронајдат остатоците и црните кутии, истражителите не можат со сигурност да утврдат што точно се случило.
фото/депозитфотос
Свет
Украинските сили подигнаа знаме во Покровск
Украинските сили подигнаа знаме во Покровск како одговор на руските тврдења дека градот е освоен. Според ББС, борбите продолжуваат, а украинските единици се повлекуваат, но тврдат дека сè уште го контролираат северниот дел од градот.
Командантот на украинската јуришна единица „Скала“, Јуриј, наредил на двајца војници да го подигнат украинското знаме за да го покажат присуството на Украина. Украинските сили координираат напади преку преноси од дронови и велат дека пружаат отпор на руското напредување.
Битката за Покровск трае речиси 18 месеци и градот е сериозно разрушен. Русите напредуваат од југ со мали тимови кои се обидуваат да се инфилтрираат зад украинските линии, но украинските команданти тврдат дека брзо ги неутрализираат.
Украинските војници велат дека ситуацијата е „тешка, но под контрола“, додавајќи дека Русија има поголем број на војници и повеќе дронови со термовизиски камери. Тие опишуваат постојано руско надлетување со дронови и интензивни борби во урбаната зона.
фото: илустрација
Свет
Лукашенко: Западот се милитаризира, Белорусија мора да ги засили одбранбените капацитети
Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди на милитаризацијата на западните земји.
Според него, поради ова, потребно е да се зајакнат одбранбените капацитети на Белорусија.
Зборувајќи на седницата на Советот за безбедност на Белорусија, Лукашенко нагласи дека националната одбрана и воената безбедност се приоритет во сегашната глобална ситуација, објави Белта.
„Не можеме да ја игнорираме оваа мобилизација и милитаризација. Овие земји нема само да потрошат огромни суми пари на она што го нарекуваат конфронтација меѓу Русија и Белорусија. Немаме намера да напаѓаме никого“, рече Лукашенко.
Тој додаде дека е потребно да се ажурираат одбранбените акции на Белорусија за да се демонстрира подготвеноста на земјата да ја заштити „секоја педа од територијата“.

