Свет
И покрај хакерскиот напад WikiLeaks објави дека Саудијците барале напад врз Иран

Интернет страницата која објавува доверливи документи за војните во Ирак и Авганистан, како и други тајни од работата на американските разузнавачки служби, почна ново објавување на чувствителни документи
Како што најавија од Wikileaks оваа група тајни документи е поголема од досега објавените за Авганистан и Ирак. Како што в неделата наутро пренесоа агенциите, американските дипломати претходните денови предупредиле неколку влади на држави во Европа и Блискиот исток дека интернет страницата сместена во Шведска ќе објави чувствителни документи што ги вмешуваат и нивните држави. Исто така, беше наведено и дека ќе бидат објавени и документи со процени за руски политичари и за тамошни дисиденти Како што пренесува AFP, содржината на документите кои почнал WikiLeaks да ги објавува се однесуваат на арапските држави, меѓу кои има и оние од суверенот на Саудиска Арабија во кои од САД бара напад врз Иран и запирање на неговата нуклеарна програма. САД веднаш се огласија со нова осуда на новото објавување на овие документи. Оснивачот на страницата Џулијан Ејсанџ ијавил дека американските власти се плашат дека ќе бидат повикани на одговорност. Во документите бил даден и преглед на страхувањата на американската дипломатија од пакистанското нуклеарно вооружување, масивното користење на хакери од страна на кинеската влада и раширената корупција во авганистанската влада. Претходно во неделата WikiLeaks објави дека е под силен хакерски напад. Информацијата за силниот DDOS (distributed denial of service), страницата ја објави преку Твитер. Според објаснувањата на стручњаците ваквите хакерски напади се применуваат кога се сака да се бутне некоја интернет страница, бидејќи преку програмските „јазли“ се генерира огромен број влезови на страницата, што не може да го издржат серверите.Првите луѓе на WikiLeaks тврдат дека проблемот во работата на страницата нема да го спречи објавувањето на новата колекција од стотици илјадници тајни документи, кои имаат намера да ги објават на мрежата во блиска иднина. Според извештајот, објавен во страницата microblog, неколку весници, меѓу кои шпанскиот Pais, францускиот Monde, англискиот Guardian и американскиот New Yor Times, „во вечерните часови на 28 ноември се подготвени да го објават тајните телеграми американскиот амбасадор, дури и ако на Wikileaks се уште нема да биде во функција.Претходно беше известено дека на располагање на Wikileaks се околу три милиони различни документи во врска со активностите на американските амбасади во светот.На крајот од јули, Wikileaks ја објави првата збирка од официјални документи во врска со сите аспекти на водењето на сојузничките операции во Авганистан, од јануари 2004 до декември 2009 г. Компилација вклучува десетици илјадници тајни документи. Таа е заснована на извештаи на американските команданти на различни нивоа на работење, кои содржат детали за борбите и детален опис на нивните ефекти.Објавените извештаи „даваат детални информации за настаните во Ирак, на кои сведоци биле американски офицери, и со нив првпат вистински се добива увид во тајната страна на војната, во која владата на САД беше целосно посветен. Документи расветлуваат многу воени злосторства на американските војници, како што е намерното убиство на луѓе кои имаат намера да се предадат“, се вели во соопштението на WikiLeaks.САД уште од самиот почеток жестоко го осудија објавувањата на документите и и побара враќање на се уште необјавените документи. Во меѓувреме, минатата седмица шведското обвинителство побара објавување меѓународна потерница на Интерпол за основач Wikileaks Џилеин Ејсанџ. Тој е осомничен за силување, сексуално вознемирување и принуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Почина Лери Кинг

Легендарниот американски телевизиски водител, Лери Кинг, почина на 87-годишна возраст.
— Larry King (@kingsthings) January 23, 2021
Веста за смртта ја објави на „Твитер“ неговото продукциско студио „Ора ТВ“.
На почетокот на јануари, Лери Кинг беше хоспитализиран поради коронавирус.
Кинг беше ветеран на американската телевизија и радио, најпознат по интервјуата со познати личности од сите сфери на животот. Во текот на својата кариера, тој објави неверојатни 60.000 интервјуа.
Свет
Уапсена сопругата на Навални на протест во Москва

На протестот против рускиот претседател Владимир Путин во Москва уапсена е Јулија Навални, сопругата на главниот противник на Путин, Алексеј Навални. Информацијата за апсењето ја објави самата Јулија Навални на Инстаграм.
„Извинете за слабиот квалитет на сликата, осветлувањето во комбето е лошо“, напиша сопругата на Алексеј Навални покрај фотографијата што ја објави на Инстаграм.
View this post on Instagram
Протестите за поддршка на затворениот руски дисидент Алексеј Навални и изразувањето на гнев поради државната репресија започнаа со апсења, пренесуваат агенциите.
Навални во моментов е во истражен затвор каде издржува 30-дневен притвор. Руското правосудство го товари за кршење на условната казна со неговото заминување во Германија на лекување, откако беше отруен со „новичок“.
Во Хабаровск, кој е седум часа пред Москва поради временската разлика, активистите споделија видеа од полицијата како тепа демонстранти и ги става во полициско возило. Градот протестира и против апсењето на популарниот гувернер Сергеј Фургал.
И покрај сибирското студено време, стотици демонстранти излегоа на улиците на Владивосток и Иркутск, извикувајќи: „Ние сме моќни“ и „Путин е лажго“.
Поддржувачите на Навални најавија протести во повеќе од 90 градови низ целата земја, организирани преку социјалните медиуми.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја предупреди јавноста да не учествува во неовластени протести. Покрај тоа, предупеди тој, сите протести поради пандемијата се забранети со месеци.
Свет
Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите корисници во Италија чија возраст не може да се потврди, по смртта на 10-годишно девојче во Палермо, Сицилија, кое ја користело кинеската апликација.
Нејзините родители изјавија дека таа учествувала во таканаречениот „предизвик за гушење“ на „ТикТок“, ставајќи ремен околу вратот и држејќи го здивот додека снимала со нејзиниот мобилен телефон.
„’ТикТок’ беше нејзиниот свет. И ‘Јутјуб’. Така го поминуваше времето“, изјави таткото на девојчето Анџело Сикомеро за весникот „Кориере дела сера“.
Девојчето било хоспитализирано на интензивна нега, каде пристигнало со срцев застој. Девојчето починало вчера, по длабока и неповратна кома предизвикана од недостаток на кислород во мозокот.
Обвинителството отвори истрага за можно поттикнување на самоубиство и истражува дали некој го поканил девојчето да учествува во предизвикот.
Во соопштението регулаторот наведува дека иако „ТикТок“ се обврза да забрани регистрација за деца под 13-годишна возраст, сепак, е лесно да се заобиколи правилото.
Портпаролот на „ТикТок“ во Италија одговори дека приватноста и безбедноста се апсолутни приоритети, истакнувајќи дека тие постојано работат на заштита на нивните политики, процеси и технологии за да ја заштитат заедницата и особено помладите корисници.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот