Свет
Гадафи го отвори самитот ЕУ-Африка во Триполи

Либискиот претседател, Моамер Гадафи денеска во Триполи во отвори третиот самит Европска Унија – Африка упатувајќи барање во, како што ја нарече, христијанска и бела Европа да ги поддржи неговите напори во борбата против нелегалната миграција од Африка.На дводневниот самит учествуваат претставници на африканската унија и земјите членки на ЕУ, меѓу кои и претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле и италијанскиот премиер, Силвио Берлускони. Гадафи, во своето воведно обраќање предупреди дека ќе ги прекине своите напори во сузбивањето на приливот на нелегални мигранти во Европа доколку Брисел не пружи финансиска и техничка помош. Во тој случај, според него, „христијанскиот и бел континент ќе стане црн“.Меѓу клучните теми за кои ќе се разговара на самитот се африканските развојни цели, трговската размена и приливот на нелегални доселеници во Европа. /крај/хина/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Силна експлозија во Мадрид, паника и рушевини на улиците

Силна експлозија одекна во Мадрид и се слушна во целиот град, се првичните информации на шпанските медиуми во однос на инцидент што попладнево се случил во главниот град.
Експлозијата разнела три ката од станбена зграда во центарот на Мадрид на улицата Толедо.
Засега не се знае дали има жртиви и која е причината за инцидентот.
JUST IN – Explosion in Madrid. The shock has been felt throughout the city. Emergency services have arrived. pic.twitter.com/H3sc3oOGS2
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) January 20, 2021
Свет
(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се прости од нацијата со проштален говор, но таму не го дочека ниту еден од угледните функционери.
Трамп зборуваше пред неколку приврзаници, како што објавија американските медиуми. Тој ги пофали своите достигнувања, не го спомна Џо Бајден, но исто така се воздржа од оспорување на изборните резултати.
LIVE – Trump arrives at Joint Base Andrews and is escorted to stage for a 21-gun-salute https://t.co/IDl2iqjfvc
— PresserWatch (@PresserWatch) January 20, 2021
Таму не беше ни потпретседателот Мајк Пенс, кој се извини поради обврските да замине на инаугурацијата на Бајден, ниту лидерите на републиканците во долниот и горниот Конгрес на САД, Мич Меконел и Кевин Мекарти, кои беа во катедралата на мисата по покана на идниот американски претседател Бајден.
Поканите за испраќање на Трамп беа доставени до неговите поранешни соработници, кои беа со него за време на мандатот, вклучително и оние што го критикуваа, но некои одговорија порачувајќи дека нема да одат затоа што ќе треба да бидат во воздухопловната база до шест наутро или затоа што сметаат дека претседателот во заминување е „политички токсична стока“.
„Да не нè погодеше пандемијава, ќе имавме економски бројки како никогаш порано. Берзата е на повисоки нивоа отколку порано. Економијата ја изградивме двапати. Ќе видите неверојатни бројки во иднина“, рече тој.
„Ние ги имаме најголемата земја и најдобрата економија во светот. Пандемијата нè погоди силно, исто како и целиот свет. Направивме нешто што се смета за медицинско чудо, а тоа е вакцината против Ковид-19. Ние ја развивме за 9 месеци наместо за пет години. Наскоро доаѓа друга вакцина“, рече Трамп.
„Збогум, ве сакаме, ќе се вратиме во некоја форма. Им благодарам на Мајк Пенс и на неговата сопруга Карен. Му благодарам на Конгресот или барем на некои елементи на Конгресот. Благодарност до сите големи луѓе во Вашингтон со кои работевме. Имајте добар живот и ќе се видиме набргу“, заклучи тој.
Свет
Киргистан бара 500.000 дози вакцина против Ковид-19 од Русија

Киргистан побара од Русија 500.000 дози вакцина против новиот коронавирус, рече киргистанскиот министер за здравство, Алимкадир Бејшеналиев, во интервју за националниот радиодифузер „Биринчи“.
„Раководството на Киргистан испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Побаравме 500.000 дози вакцина“, рече Бејшеналиев додавајќи дека земјата добила согласност од руското Министерство за здравство и дека прашањето ќе се реши во блиска иднина.
Според Бејшеналиев, епидемиолошката состојба во земјата останува тешка и потребно е да се почне со масовна вакцинација за да се врати во нормален живот.
Бејшеналиев вчера рече дека Киргистан нема намера да ја прими пратката со вакцини од „Фајзер“ против Ковид-19 бидејќи во земјата немаат соодветни ладилници за складирање на вакцината. Според министерот, еден фрижидер за одржување на потребната температура чини околу 4.000 американски долари.
„Потребни се уште два милиона долари за чување на вакцината на ‘Фајзер’“, додаде тој.
Од појавата на коронавирусот на почетокот на минатата година Киргистан потврди 83.430 заразени и 1.392 смртни случаја.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот