Свет
Во САД изречена прва пресуда за пиратство по 150 години
Сомалиецот кој се изјасни за виновен за учество во нападот на американскиот воен брод „Ашланд“ во април годинава е осуден на 30 години затвор, што е првата пресуда за пиратство изречена во САД по цели 150 години, јавува РојтерсЏама Идл Ибрахим, 38-годишен, беше еден од шестмината кои беа донесени во САД и обвинети за нападот од 10 април врз воениот брод, кој служел како поддршка за амфибиски операции во Аденскиот залив. Тие по грешка помислиле дека воениот брод е, всушност, трговски.„Пиратството е растечка закана низ целиот свет и денешната пресуда покажува дека САД ќе го изведе пред правдата сите модерни пирати“, изјави по пресудата Главниот обвинител на САД, Неил Мекбрајд.И покрај присуството на десетици странски воени бродови, пиратите ки оперираат во близина на брегот на Сомалија со години киднапираат цивилни бродови, вклучувајќи и цели танкери со нафта во Аденскиот залив и во Индискиот океан, при што заработуваат милиони долари од откупи. /крај/ројтерс/сс/Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

