Свет
Следната цел на Викиликс се големите американски банки
Големите американски банки ќе бидат следна цел на објавување на доверливи документи на интернет страната Викиликс на почетокот на 2011 година, изјави нејзиниот основач Јулијан Асанж за интервјуто за списанието „Форбс“, објавено вчера, пренесува агенцијата Хина.Асанж рекол дека на почетокот на следната година планира да објави значителна количина на податоци за „големите американски банки“ кои откриваат „флагрантно кршење“ на прописи што би можело „да урне една или две банки“. „Ова не е голем материјал како тој за Ирак, но се работи за десетици или стотици документи, во зависност од тоа како ќе ги дешифрирате“, изјави Асанж за „Форбс“.Тој додал дека Викиликс досега давал приоритет во објавувањето на документи кои се однесуваат на владата и меѓународните односи, но се проценува дека околу 50 проценти од достапните информации се во врска со приватните компании.Страницата Викиликс во неделата започна со објавата на повеќе од 250 илјади доверливи дипломатски документи на Стејт департменот, што предизвика остра осуда на Вашингтон и доведе до покренување на кривични истраги во САД поради кражбата на доверливите документи од Државната тајна служба. /крај/хи/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

