Свет
Следната цел на WikiLeaks се големите американски банки
Големите американски банки ќе бидат следна цел на објавување на доверливи документи на интернет страната Викиликс на почетокот на 2011 г., изјави нејзиниот основач Џулијан Асанж за интервјуто за списанието Forbes обајвено во понеделникот
Поранешниот австралиски новинар Џулијан Асанж во интервјуто наведува дека на почетокот на следната година планира да објави значително количество податоци за „големите амрикански банки“ кои откриваат „флагрантно кршење“ на прописи што би можело „да урне една или две банки“.„Ова не е голем материјал како тој за Ирак, но се работи за десетици или стотици документи, во зависност од тоа како ќе ги дешифрирате“, вели Асанж за Forbes.Тој додал дека WikiLeaks досега давал приоритет во објавувањето на документи кои се однесуваат на владата и меѓународните односи, но се проценува дека околу 50 проценти од достапните информации се во врска со приватните компании.Страницата WikiLeaks во неделата започна со објавата на повеќе од 250 илјади доверливи дипломатски документи на Стејт департменот, што предизвика остра осуда на Вашингтон и доведе до покренување на кривични истраги во САД поради кражбата на доверливите документи од Државната тајна служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

