Свет
Избран е нов папа!
Бел чад се издигна попладнево од оџакот на Систсинската капела во Ватикан, означувајќи го изборот на нов папа, јавија светските агенции.
Бел чад се издигна попладнево од оџакот на Систсинската капела во Ватикан, означувајќи го изборот на нов папа, јавија светските агенции. Се очекува, наскоро да биде соопштено кој е наследникот на починатиот Јован Павле Втори и под кое црковно име ќе служи новиот поглавар на Римокатоличката црква./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: НАТО ги премина сите граници на пристојност, веќе јавно ги покажува своите вистински намери
Министерот за надворешни работи на Русија го критикуваше НАТО за изјавите за можноста за превентивни удари врз Русија
Тој денес на состанок со шефовите на безбедносните агенции и разузнавачки служби соопшти дека шефот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер ги објавил вистинските намери на Алијансата, кога рекол дека размислува за изведување на превентивни удари врз Русија во случај на можен вооружен конфликт, пренесува ТАСС.
„Шефот на воениот комитет на НАТО отворено рече дека, за да ги остварат целите на заштита и одбрана на земјите-членки на НАТО, треба превентивно да изведат напади врз цели во Русија кои, според мислењето на НАТО, можат да претставуваат закана за земјите-членки на Алијансата. Мислам дека тука нема што да се коментира. Ја преминаа границата на секоја пристојност и веќе јавно ги изнесуваат вистинските намери“, рече Лавров.
Претходно, на конференција во Центарот за европска политика во Брисел, шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, повика на производство на повеќе оружје за да се извршат прецизни удари длабоко во Руската Федерација во случај на конфликт, пренесе ТАСС.
Свет
Кина испрати предупредување до Трамп
Кина го предупреди Вашингтон дека никој нема да победи во трговската војна, додека Доналд Трамп се заканува дека ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто за стоките што доаѓаат во САД.
Ова не се царините од 60 отсто што Трамп вети дека ќе ги воведе за кинеските производи за време на неговата кампања, па некои компании кои извезуваат телефони, чанти и мебел, а кои веќе претрпеа големи загуби од првата трговска војна, може да здивнат.
Други, најверојатно, стравуваат дека ова е само воведен удар на Трамп и оти наскоро ќе следат дополнителни царини.
Кинеските државни медиуми ја опишаа заканата како „неодговорна“, додека Министерството за надворешни работи во Пекинг рече дека Кина презела значителни чекори за да го запре нелегалниот увоз на дрога, вклучително и фентанил, во САД.
„Кина е една од земјите со најстроги и најтемелни политики во борбата против дрогата во светот“, вели портпаролот на Министерството.
Но, Пекинг го очекуваше ова. Имаше време да се подготви за вториот мандат на Трамп и Кина ги научи лекциите од неговиот прв мандат во Белата куќа, пишува „Би-Би-Си“.
Голем дел од нејзиниот земјоделски увоз сега доаѓа од Бразил, Аргентина и Русија, а Кина почна да извезува повеќе производи во земји кои не се сојузници на САД.
Последното нешто што му треба на Пекинг е уште една трговска војна бидејќи се бори со слабиот економски раст, кризата со недвижностите и високата невработеност кај младите.
Засега овие тарифи се само закана. Покрај построгите мерки против фентанил, Трамп можеби се надева дека ќе го убеди претседателот Кси да престане со големото субвенционирање на кинеските производствени индустрии, што тој го гледа како нелојална конкуренција.
Но, оваа тактика не функционираше во минатото, а Пекинг веројатно подготвува свои силни контрамерки.
Свет
Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет
Tри тела се извлечени утринава од туристички брод што потона во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, а спасувачките тимови сè уште трагаат по 13 исчезнати лица, изјави гувернерот Амр Ханафи за „Ројтерс“.
Бродот „Си стори“ потона во понеделникот во близина на гребенот Сатаја превезувајќи 31 турист и 13 члена на екипажот на повеќедневно нуркачко патување. Беше погоден од високи бранови и потона за 5 до 7 минути. Се верува дека шеснаесет патници се заробени внатре.
Дваесет и осум преживеани беа спасени со полесни повреди за кои не беше потребна хоспитализација. Преживеаните се сместени во хотел во Марса Алам, каде што властите работат со амбасадите и конзулатите за да обезбедат помош и документација.
Ханафи рече дека бродот ја поминал последната безбедносна инспекција во март 2024 година, без пријавени технички проблеми. Бродот, сопственост на египетски државјанин, бил долг 34 метри и добил едногодишен безбедносен сертификат од Управата за поморска безбедност.
Несреќата се случила при лоши временски услови. Египетската управа на пристаништа на Црвеното Море во неделата извести за бранови од 3 до 4 метри и силен ветар, што го затвори поморскиот сообраќај.
Тоа беше вториот брод што потона во областа оваа година; во јуни уште еден брод претрпе сериозни оштетувања од силните бранови, иако немаше извештаи за жртви. Црвеното Море, познато по своите корални гребени и разновидниот морски живот, е главниот центар на туристичката индустрија во Египет, кој игра клучна улога во економијата на земјата.