Свет
Бројот загинати во експлозијата на мексиканскиот нафтовод достигна 28
Најмалку 28 лица загинаа, а 52 се повредени во експлозијата на нафтоводот на компанијата „Памекс“ во централната мексиканска сојузна држава Пуебла, покажуваат најновите податоци. Вчерашната експлозија на нафтоводот беше предизвикана од кражба на нафта директно од цевководот, крај местото Сан Мартин Тексмелукан во централно Мексико, во сојузната држава Пуебла, на околу 80 километри источно од престолнината Мексико Сити. „Дваесет и осум лица изгореле, педесет и две се повредени, 115 куќи се оштетени од кои барем половината се целосно уништени,“ изјавил за новинарите Валентин Менесес, министер за внатрешни работи на мексиканската сојузна држава Пуебла.Денеска местото на несреќата го посети и мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон, кој вети брза и ефективна истрага. Во првите информации за несреќата што се случи вчера, беше споменуван еден нафтовод на мексиканската компанија „Памекс“, но подоцна Менесес за медиумите изјави дека станува збор за два нафтовода. Експлозијата ја предизвикала банда којашто ги дупчела нафтоводите за да дојдат до гориво, а нафтата поради големиот притисок почнала неконтролирано да истекува. Според Менесес нафтата почнала да тече по улиците на градот, а една искра ја предизвикала трагедијата. Од спасувачките служби соопштиле дека по експлозијата изгореле дваесетина автомобили и дека во радиус од пет километри се испукани сите прозорци на објектите. Покрај спасувачките екипи и пожарникарите, на местото на несреќата пристигнала и војската, како и стручњаци на компанијата. Според сведочење на локалното население, криминалните банди редовно ги дупчат нафтоводите и крадат нафта која потоа ја продаваат на камионџиите. Мексиканските власти објавија дека последните години се зачестени кражбите на горива од нафтоводите на „Памекс“. Годишните загуби на компанијата предизвикани од ваквите кражби се проценуваат на околу 800 милиони долари. Во јуни властите затворија 13 лица кои ископале 150 метри долг тунел под најфреквентниот приод кон престолнината Мексико Сити, за да дојдат до нафтоводот на компанијата. /крај/афп/ббц/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.