Свет
Војна меѓу Викиликс и банката на Америка
Блокадата на средствата упатени на Викиликс од страна на банката на Америка претставува „нов финансиски макартизам“, изјавил Џулијан Асанж за италијанската новинска агенција „Анса“ пред вилата во која моментално се наоѓа во куќен притвор.„Ова е, од страна на САД, облик на нов финансиски макартизам кој нашата организација ја лишува од потребните средства за да преживееме и кој мене лично ме лишува од драгоцените средства за моите адвокати кои треба да ме заштитат од екстрадиција во САД или во Шведска“, рекол Асанж.Денес банката на Америка издаде соопштение во кое вели дека ќе ја блокира секоја трансакција на нашата организација. „САД го обвинуваат Бредли Менинг, дека бил наш извор. Ние не знаеме. Нашата технологија е така направена да останат анонимни изворите“, му објаснил Асанж на новинарот од „Анса“.„Американците се обидуваат од него да добијат признание дека бил вмешан во некој вид на шпионажа заедно со мене. Тоа очигледно не е вистина. Ова е за жал, доказ како американското правосудство падна ниско само за да не казни нас“, додал Асанж.„Банката на Америка нема да извршува никакви трансакции упатени кон Викиликс“, се вели во соопштението на банката објавено во весникот „Канзас сити стар“. „Активностите на Викиликс се во спротивност со нашата политика“.Веднаш стигна одговор и од Викиликс преку Твитер, со кој ги повикува „сите оние кои ја сакаат слободата да ги затворат своите сметки во Банката на Америка“.Според текстот објавен во „Индипендент“ Бредли Менинг, кој денеска полни 23 години, а за кого постои сомнение дека на Викиликс му ги испраќал стотиците илјади тајни документи, се наоѓа во воениот затвор во Вирџинија, каде од 24 часа 23 поминува во самица и спие на кревет без постелнина.Доколку од него добијат признание дека соработувал со Асанж, ќе биде преместен во подобар затвор./крај/блиц/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.