Контакт

Свет

Линчувани вуду свештеници за колерата во Хаити

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

На Хаити во последниве неколку недели незадоволни граѓани  линчуваа повеќе вуду свештеници, обвинувајќи ги за ширење на колерата, соопшти денеска владата во Хаити.Во соопштението се вели дека се линчувани најмалку 45 луѓе.Владата апелираше до жителите на хаити да не се свртат кон тепачка и започма кампања за информирање на луѓето за тоа како се шири колерата.Според податоците на Владата, од октомври повеќе од 2.500 луѓе на Хаити починаа од колерата, повеќе од 121 илјади беа хоспитализирани на лекување, додека најмалку 63.500 останале во болниците.Епидемијата на колера предизвика  и протести против Обединетите Нации, чии членови се осомничени дека ја донеле болеста на Хаити.Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун најави истрага за овие извештаи иако ОН првично ја негираше таквата можност.Лошите санитарни услови во земјотресот го опустоши Хаити дополнително допринесе ширење на колерата, што предизвика дијареа и повраќање. Болеста може многу брзо да биде санирана со рехидратација и антибиотици.Хаити во јануари 2010 година го погоди земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала, што уништи поголем дел од длавниот град Порт-о-Пренс и однесе најмалку 250 илјади жртви./крај/блиц/пк.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) „Не знаеме дали има луѓе под урнатините“: голем пожар по експлозија во зграда во Холандија, има повредени

Објавено пред

Неколку лица се повредени откако голема експлозија предизвика пожар во зграда во центарот на Утрехт, еден од најголемите градови во Холандија.

dobivaj vesti na viber

„Неколку згради се урнаа по експлозијата. Четири лица се повредени и се однесени во болница на лекување“, објавија локалните власти на нивната веб-страница.

„Не сме сигурни дали сè уште има луѓе заробени под урнатините. Полицијата работи напорно на истрагата“, рече градоначалничката Шерон Дијксма.

Локалните власти соопштија дека имало голема штета во овој густо населен дел од градот, додавајќи дека причината за експлозијата сè уште е непозната.

Жителите кои морале да ги напуштат своите домови од безбедносни причини биле сместени во хотел во близина.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Рама се пошегува за Црна Гора: „Подгорица може да стане новиот Брисел“

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама учествуваше на панелот на Самитот „Недела на одржлив развој“ во Абу Даби, каде што, во својот препознатлив хумористичен и ироничен стил, даде низа коментари што го привлекоа вниманието на јавноста, анализираат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи за амбицијата на Албанија да обезбеди енергетски суверенитет до 2028 година, Рама во еден момент му се обрати на модераторот на панелот, алудирајќи на Грција и нејзиниот однос со културното и филозофското наследство. Тој на шега рече дека „Грците често ги потценуваат другите нации, сметајќи дека имаат монопол врз филозофијата и дека се единствените наследници на Платон и Аристотел“, нагласувајќи дека, според него, тоа не е вистина.

Потоа, Рама се осврна и на Црна Гора. Тој истакна дека не сака да „го губи времето на Црна Гора“, но со иронични пофалби рече дека таа е „најголемата земја во регионот“ со „50 милиони жители“, додека Албанија, додаде тој, е мала земја.

Во овој дух, Рама рече дека, доколку Европската Унија остане далеку и не успее во процесот на проширување, „новиот Брисел“ може да стане Подгорица. Според него, во тој случај, Подгорица би била главен град за 500 милиони луѓе, а Црна Гора би била во самиот центар на Европа.

Албанскиот премиер користел сличен тон и претходно, за време на јавни настапи и меѓународни собири, кога зборувал за Црна Гора и регионот. Неговите коментари често се проткаени со хумор, сатирични споредби и политичка порака, особено кога зборува за застојот во европската интеграција на Западен Балкан, според написите.

Како што претходно истакнаа учесниците на ваквите состаноци, изјавите на Рама не треба да се сфаќаат буквално, туку како дел од неговиот препознатлив начин на комуникација, со кој тој го привлекува вниманието кон сериозни политички теми и проблеми во регионот преку шеги и метафори.

Прикажи повеќе...

Свет

Фон дер Лајен ветува нова безбедносна стратегија на ЕУ во врска со Гренланд

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вети нова безбедносна стратегија за Европа, откако САД се заканија дека ќе го анектираат Гренланд.

dobivaj vesti na viber

Функционерката на ЕК, која дојде во посета на Кипар, ги опиша САД како партнер кога новинарите ја прашаа за ситуацијата во Гренланд, објави Гардијан.

Во исто време, Фон дер Лајен истакна дека ЕУ ја удвојува својата економска поддршка за Гренланд.

„Јасно е дека Гренланд може да смета на нас политички, економски и финансиски.

А кога станува збор за неговата безбедност, дискусиите за безбедноста на Арктикот се првенствено клучно прашање за НАТО“, рече шефицата на европската дипломатија.

Според неа, Арктикот и безбедноста на таа област се клучни теми за ЕУ.

Фон дер Лајен не сакаше да даде детали за тоа што би можела да вклучува европската безбедносна стратегија, неколку дена откако комесарот за одбрана на ЕУ, Андријус Кубилијус, ја презентираше идејата за формирање заедничка, европска армија.

„Почнуваме да работиме на нова европска безбедносна стратегија и на почетокот на работата не е мудро да се ограничуваат или прошируваат различни теми“, рече таа.

За време на неговиот прв мандат, американскиот претседател Доналд Трамп му кажа на својот висок помошник Џон Болтон во 2018 година дека еден истакнат бизнисмен штотуку предложил САД да го купат Гренланд, потсети Гардијан.

Болтон дознал дека бизнисменот е Роналд Лаудер, наследник на глобалниот козметички бренд Есте Лаудер, кој го познава Трамп, исто така богат њујорчанец, повеќе од 60 години. Повторното разгорување на идејата на Лаудер од страна на Трамп за време на неговиот втор мандат е типично за начинот на кој работи претседателот, рече Болтон.

„Тој ги прифаќа информациите што ги слуша од пријателите како вистина и не можете да го поместите неговото мислење“, рече функционерот, пренесува Танјуг. Сега се чини дека овој предлог ги поттикна империјалистичките амбиции на Трамп, бидејќи, осум години подоцна, тој размислува не само за купување на Гренланд, туку и за евентуално освојување со сила, објави британскиот весник.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија5 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија6 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија7 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија8 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ9 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија9 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија10 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет12 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет12 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет13 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет13 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет14 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија1 ден

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет1 ден

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија1 ден

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија1 ден

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ1 ден

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија1 ден

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...