Свет
Евакуирани околу 2.000 луѓе од аеродромски терминал поради снегот

Околу 2000 илјади луѓе денеска се евакуирани како мерка на претпазливост од еден терминал на парискиот аеродром Роас Шарл де Гол заради снегот, затоа што кровот на терминалот се срушил веднаш по неговото отварање во 2004 година, соопштија аеродромските служби.Истите извори велат дека мерката на евакуација се спроведува од претпазливост зашто наврнато е околу 60 сантиметри снег и додадоа дека евакуацијата поминала смирено.Пожарникарите ќе работат во наредните часови на отстранување на снегот од покривот на терминалот 2Е.Неколку недели после инаугурацијата, 23 мај 2004 година кровот на терминалот се срушил и тогаш четири патници загинаа, а шест биле повредени.Околу 2000 илјади патници ноќта ја поминаа на аеродромскиот аеродром , каде што владата конфузија заради снегот и студеното време./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ќе ја браниме секоја педа од НАТО – САД по инцидентот со руските дронови во Полска

САД во Советот за безбедност на ОН порачаа дека ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО по упадот на руски дронови во Полска. Американската претставничка Дороти Шиа оцени дека инцидентот е алармантно кршење на воздушниот простор.
Полска соопшти дека соборените дронови не биле грешка, покажувајќи докази за нивното руско потекло. Москва, пак, тврди дека не целела кон полски мети и дека дометот на дроновите не дозволувал да стигнат до Полска.
Загриженост за случајот изразија и други земји во Советот за безбедност, а 43 држави усвоија заедничка изјава со барање Русија да ја прекине агресијата врз Украина.
Свет
Повеќе од половина Полјаци не би ја бранеле државата во случај на војна

Повеќе од 50 проценти од полските граѓани изјавиле дека не би се вклучиле во одбраната на земјата доколку избие војна, покажува најновата анкета на Институтот „Полстер“, спроведена на 1020 испитаници.
Само 26 проценти рекле дека се подготвени доброволно да се пријават во војска или на друг начин да ја поддржат одбраната на Полска, додека 17 проценти не знаеле како би постапиле.
Истражувањето е спроведено на 10 и 11 септември, а како повод медиумите го наведуваат најновиот инцидент со руски дронови кои влегле во полскиот воздушен простор. Министерството за внатрешни работи потврди дека биле забележани 16 летала, од кои дел биле соборени од НАТО авиони.
Свет
(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона. Стоејќи покрај празната столица што ја користел нејзиниот сопруг, им се заблагодари на службите за итна помош и на Белата куќа, а потоа им се обрати на злосторниците.
„Крикот на оваа вдовица ќе одекнува како борбен повик. Ако мислевте дека мисијата на Чарли беше силна порано, немате поим што штотуку ослободивте низ земјата и светот.“
ERIKA KIRK Speaks to America…and the World… for the first time since her husband was assassinated.
VERY POWERFUL and heart wrenching! pic.twitter.com/HyWlR8N3N3— Elvin Unleashed (@Elvin_Unleashed) September 13, 2025
Кирк беше убиен во средата на универзитет во Јута, а осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен. Претседателот Доналд Трамп најави дека постхумно ќе му додели Медал на слободата, опишувајќи го како првак на генерацијата.
„Трнинг поинт УСА“ го нарече својот основач маченик и пионер. Потпретседателот Џ. Д. Венс го пренесе ковчегот во Феникс со владин авион.
Ерика Кирк, поранешна Мис Аризона и мајка на две деца, најави дека турнејата и подкастот на нејзиниот сопруг ќе продолжат.