Свет
Јужна Кореја најави 23 воени вежби

Јужна Кореја ќе ги претстави во наредните дена поморските воени вежби на дваесет различни места, од кое ниту едно не е блиску до поморската граница со Северна Кореја, изјави денеска јужнокорејската војска
Вежбите со пукање на воени стрели ќе се одржат од 27 до 31 декември на 23 различни позиции во близина на брегот на Корејскиот Полуостров, додаде стожерот. Ниту еден од вежбите нема да се одржи во близина на поморската граница со Северна Кореја во Јужното море. „Ова е дел од нашите редовните вежби, во кои се вклучуваат копнените, воздушните и поморските единици“ изјави портпаролот на армијата и додаде дека државната агенција за развој на одбраната ќе води тестирања на муницијат на западниот брег.Во областа во близина на границата со Северна Кореја се одвивале поморските судири меѓу двете Кореи во 1999, 2002 и во ноември 2009 г.Во март 2010 г. потопувањето на јужнокорејската корвета загинаа 46 морнари, за што меѓунардната истрага утврди одговорност на Пјонгјанг кој тоа го негираше.При крајот на ноември 2010 г. Пеонгјанг беше бомбардиран од страна на јужнокорејанскиот остров Јеонпјеонг во кој загинаа четири лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона. Стоејќи покрај празната столица што ја користел нејзиниот сопруг, им се заблагодари на службите за итна помош и на Белата куќа, а потоа им се обрати на злосторниците.
„Крикот на оваа вдовица ќе одекнува како борбен повик. Ако мислевте дека мисијата на Чарли беше силна порано, немате поим што штотуку ослободивте низ земјата и светот.“
ERIKA KIRK Speaks to America…and the World… for the first time since her husband was assassinated.
VERY POWERFUL and heart wrenching! pic.twitter.com/HyWlR8N3N3— Elvin Unleashed (@Elvin_Unleashed) September 13, 2025
Кирк беше убиен во средата на универзитет во Јута, а осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен. Претседателот Доналд Трамп најави дека постхумно ќе му додели Медал на слободата, опишувајќи го како првак на генерацијата.
„Трнинг поинт УСА“ го нарече својот основач маченик и пионер. Потпретседателот Џ. Д. Венс го пренесе ковчегот во Феникс со владин авион.
Ерика Кирк, поранешна Мис Аризона и мајка на две деца, најави дека турнејата и подкастот на нејзиниот сопруг ќе продолжат.
Свет
Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека ФБИ направило грешка и дека нејзиниот внук нема никаква вина. Кирк беше застрелан со еден истрел додека присуствуваше на настан во Универзитетот Јута Вали, пред три дена, пишува „Unilad“.
По интензивна потрага, ФБИ вчера потврди дека Робинсон е приведен како главен осомничен. Набргу по објавата, неговата баба Деби Робинсон со солзи во очите за „Дејли Мејл“ изјавила дека Тајлер е тивок, вреден и срамежлив млад човек, кој никогаш не покажувал интерес за политика, иако потекнува од републиканско семејство.
„Тајлер е најсрамежливата личност што ја познавам. Никогаш не зборуваше за политика, иако скоро сите во нашето семејство сме републиканци. Навистина сум збунета“, вели таа.
Полицијата соопшти дека уапсениот бил идентификуван по дојава од член на семејството, но Деби додава дека не верува нејзиниот внук некогаш ракувал со оружје.
„Да бидам искрена, не мислам дека некогаш испукал куршум. Никогаш не ловел, ниту пак поседувал оружје. Едноставно нема шанси да направи нешто вакво“, изјави таа, нагласувајќи дека Тајлер е „добро и мирно момче“ кое никогаш немало проблеми со законот.
Сепак, овие зборови се косат со изјавата на гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој тврди дека Робинсон наводно во разговори со семејството изразувал несогласување со ставовите на Кирк и станал „пополитички активен“ пред пукањето.
Иако е убедена дека ФБИ ја промашило целта, Деби рече дека најдлабоко сочувствува со сопругата и децата на Кирк. Робинсон беше приведен во неговиот дом во јужна Јута, а доколку биде прогласен за виновен, се соочува со можност за смртна казна.
Свет
Зеленски: Руската офанзива на Суми не успеа

Три лица беа убиени во руски напад рано наутро во северниот украински Сумски регион, изјави регионален функционер, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обидите на Москва да напредува во областа не успеале со големи загуби.
Руските сили се вклучени во долг, исцрпувачки напад по должината на фронтот од 1.000 километри низ источна Украина, но во последните месеци се обидуваат да се зацврстат во области како Суми, пограничен регион со рускиот Курски регион.
Тие освоија голем број села во близина на границата и ги изложија поголемите градови, како што е Суми, на чести гранатирања. Гувернерот на Сумскиот регион, Олех Грихори, рече дека во напад со беспилотни летала и ракети рано наутро загинаа тројца жители во или во близина на Суми, а пет други беа повредени.
Но, Зеленски, повикувајќи се на врховниот украински воен командант Олександр Сирски, рече дека руската операција во регионот „беше целосно попречена од нашите сили“.
„Борбите продолжуваат во пограничните области на Сумискиот регион, но руската група во правец на Суми ги изгуби своите офанзивни способности како резултат на претрпените загуби“, напиша тој на Телеграм.
Зеленски објави успеси во други операции во Суми во последните недели и дека силите на Киев, исто така, активно ги потиснуваат руските трупи во Доњецк и Запорожје, две главни области на фронтовската линија.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили зазеле ново село, Тернове, во регионот Дњепропетровск во централна Украина, што е втор ден по ред во кој Русија известува за заземање на село во регионот.
Во јавни изјави, Украина ги нагласи своите напори да ги спречи Русите да заземат каква било позиција таму. Популарниот украински воен блог „ДипСтејт“, кој користи известување од отворен код за следење на воените позиции, објави руски придобивки во близина на Терново и најмалку едно друго село во областа, додека друг воен блогер објави дека украинските сили повторно зазеле едно село во регионот од руските трупи.