Свет
Воз со подароци за севернокорејскиот наследник излета од шините
Воз полн со роденденски подароци за идниот севернокорејски лидер, Ким Јонг-ун излетал од шините во декември, а можно е да се работи и за саботажа, пренесува радио станица со седиште во Сеул која се емитува и преку граница
Отвореното радио на Северна Кореја, непрофитна станица која честoпати се повикува на зивори во Северна Кореја, анведува дека возот со подароци, меѓу кои имало телевизори и часовници, излетал од шините на 11 декември, недалеку од севернокорејската граница со Кина.Изворот наведува дека праговите на тој тел од пругата се могу стари и дека можеби е тоа причина за несреќата, но дека големата штета на праговите и времето на несреќата упатуваат на тоа дека можеби некој намерни ги оштетил.За Ким Јонг-ун, најмладиот син на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ил, се знае многу малку. Тој годинава е именуван на неколку клучни позиции во владата и војската што се смета за добар знак дека ќе го наследи неговиот татко.Тој најверојатно е роден во 1983 или 1984 година, наводно на 8. јануари. Мајка му била Ко Јонг Хи, танчерка и трета сопруга на Ким Јонг-ил, која пред шест години починала од рак на градата. Се школувал во меѓународно училиште во Берн до 1998 година, а се претпоставува дека таму престојувал под лажно име. Еден швајцарски неделник минатата година пишуваше дека Ким Јонг-ун го напуштил училиштето на 15 години и дека не добил свидетелство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани
Утрово околу 10 часот, избувна пожар во павилјонот 16 од болницата Сако во Милано.
За неколку минути, пламенот зафати дел од дијагностичката архива и се прошири на областите каде што медицинскиот персонал во тој момент прегледуваше десетици пациенти, пишува Ил Месаџеро.
Благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и болничкиот персонал, никој не е повреден.
Сите пациенти се евакуирани, а триесет пожарникари кои излегоа на терен вршат санација на подрачјето.
Свет
Европски војници пристигнаа на Гренланд
Европски војници од неколку земји пристигнаа на Гренланд за заеднички воени вежби, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес островот да биде под контрола на САД. Во главниот град Нуук слета француски контингент, а се приклучуваат и сили од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и Обединетото Кралство, јавува Би-Би-Си.
Распоредувањето следи по состанок во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс. Данскиот министер Ларс Локе Расмусен оцени дека разговорите биле конструктивни, но дека останало „темелно несогласување“.
Трамп изјави дека на САД му треба Гренланд за националната безбедност и не ја исклучи употребата на сила. Францускиот претседател Емануел Макрон најави проширување на мисијата, додека полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека евентуална американска интервенција би била „политичка катастрофа“.
Русија изрази загриженост поради засилувањето на присуството на НАТО на Арктикот. Од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер соопштија дека распоредувањето има цел да ја одврати руската и кинеската активност.
Германија испрати транспортен авион со 13 војници во рамки на данските вежби „Операција Арктичка издржливост“. Данска најави ротациона и потрајна сојузничка присутност. Премиерката Мете Фредериксен рече дека одбраната на Гренланд е заедничка грижа на Алијансата.
Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен порача дека Гренланд не сака да биде дел од САД и, ако мора да избира, би ја избрал Данска.
Свет
Макрон: Франција ќе испрати воен брод на Гренланд
Франција наскоро ќе испрати воен брод, авиони и дополнителни војници на Гренланд, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој предупреди на појавата на „нов колонијализам“ и на изјави што, како што рече, „сеат сомнеж, дури и меѓу сојузниците“.
Макрон ова го соопшти во новогодишното обраќање до француските вооружени сили, наведувајќи дека дел од француските војници веќе се распоредени на Гренланд, на барање на Данска, каде им се приклучиле сили од Норвешка, Шведска и Германија.
„Нашите сили во наредните денови ќе бидат дополнително зајакнати копнено, поморски и воздушно“, рече Макрон, без да наведе детали.
Според достапните информации, најмалку еден француски воен брод и неколку авиони веќе се на пат кон северниот Атлантик.

