Свет
За да влезе во СТО, Русија мора да ја замоли Грузија
Русија треба најпрвин да и се обрати на Грузија, ако сака да се приклучи кон Светската трговска организација (СТО), изјави денеска грузискиот министер за надворешни работи, Григол Вашаѕе, пренесува Риа Новости
„Со цел воопшто да се дискутира за членството на Русија во СТО, Москва најпрвин треба да ни се обрати нам со барање за започнување на такви преговори. Штом добиеме такво барање, ќе го координираме нашиот став и, верувајте ми, приемот на Русија ќе биде изведен без да им биде нанесена штета на интересите на Грузија или пак какво и да прекршување на регулативите и Повелбата на СТО“, тврди Вашаѕе.Министерот, исто така, ги опишал односите меѓу Тбилиси и Москва како „непостоечки“. „Односите меѓу нашите две земи се непостоечки,. Ова е најпрецизниот опис на она што ние сега го имаме“, рече тој.Односите меѓу Русија и Грузија се влошија по петдневната војна помеѓу двете поранешни советски републики во август 2008 година. Грузискиот премиер Николоз Гилаури во октомври годинава изјави дека Грузија нема да го подржи влезот на Русија во СТО, ако двете држави не се договорат околу царинските процедури во отцепените грузиски територии Јужна Осетија и Абхазија, која Русија ги призна како независни по кратката војна.Русија, единствената голема економска сила која не е членка на СТО, бара прием во оваа светска организација уште од 1993 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

