Свет
Опозициски лидери во Белорусија обвинети за предизвикување немири
Против четворица опозициски кандидати на претседателските избори во Белорусија е подигнато обвинение за организирање на масовни немири по изборите. Адвокатите на обвинетите информираат дека максимална казна затвор за ова дело е 15 години. Владимир Некљаев, Андреј Саников, Виталиј Римашевски и Николај Саткевич се обвинети дека „организирале масовно реметење на јавниот ред“, велат нивните адвокати. Петтмина од деветмината опозициски кандидати сеуште се во затвор. Денеска белоруската полиција изврши претрес и заплени компјутери и хард дискови во седиштето на независниот весник „Наша Нива“, рече заменикот на главниот уредник, чии дом исо така бил извршен претрес. По затворањето на избирачките места на 20 декември во центарот на Минск протестираа повеќе од 20.000 луѓе поради неправилности и измама на изборите. За време на демонстрациите беа уапсени 600 лица, од кои половина на слобода се пуштени денеска. Александар Лукашенко кој на власт во Белорусија е веќе 16 години, на изборите беше реизбран со 80 одсто од гласовите уште во првиот круг. крај/хина/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ се согласува со Трамп: Зеленски виновен што конфликтот сè уште не е решен
Москва ги поддржа изјавите на Доналд Трамп, кој во интервју за „Ројтерс“ одговорноста за продолжувањето на конфликтот му ја припиша на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Скај њуз“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија се согласува со оценката на Трамп.
„Тука можеме да се согласиме, навистина е така“, рече Песков. Тој истакна дека претседателот Путин и руската страна ја задржуваат својата отвореност.
Песков најави и дека Москва би ги пречекала пратеникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на Трамп Џаред Кушнер, откако ќе се договори датумот на нивната посета.
Одговарајќи на прашање за рускиот претседател Владимир Путин, Трамп за новинската агенција Ројтерс претходно изјави: „Мислам дека тој е подготвен да постигне договор.“ Тој додаде: „Мислам дека Украина е помалку подготвена да постигне договор.“ На прашањето зошто конфликтот сè уште не е решен, Трамп одговори со еден збор: „Зеленски.“
Свет
(Видео) Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата
Капсулата за екипаж од четири лица од Меѓународната вселенска станица (МВС), која ја прекина својата мисија во орбитата поради сериозна медицинска состојба на еден од астронаутите, безбедно слета на Земјата во четврток во морето покрај Калифорнија.
Капсулата „Кру Драгон“ на „Спејс Екс“ се спушти со падобран во мирните води покрај Сан Диего, завршувајќи повеќе од 10-часовно спуштање од Меѓународната вселенска станица и повторно влегување во атмосферата на Земјата. Слетувањето беше емитувано во живо од НАСА и „Спејс Екс“.
🛰A U.S. Crew Dragon spacecraft undocked from the International Space Station and splashed down off the California coast.
The crew included Roscosmos cosmonaut Oleg Platonov, NASA astronauts Zena Cardman and Mike Fincke, and JAXA astronaut Kimiya Yui, who spent 165 days aboard… pic.twitter.com/uN1HY1NHp5
— News.Az (@news_az) January 15, 2026
Астронаутите се одвоија од МВС во среда во капсула управувана од „СпејсИкс“ на Илон Маск. Капсулата ги носеше американските астронаути Зена Кардман и Мајкл Финке, јапонскиот астронаут Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов. НАСА минатата недела објави дека прво ја откажала планираната вселенска прошетка поради здравствени проблеми на еден член на екипажот, а потоа одлучила целиот екипаж да го врати на Земјата порано.
#ULTIMAHORA El lugar de amerizaje de la Crew-11 se encuentra frente a la costa de California. Aquí hay un mapa que indica dónde será más visible el reingreso de la nave Dragon. Se puede observar desde San Francisco entrando a la admosfera terrestre 🛰️ pic.twitter.com/9Qo9f1M4U3
— Revista RDM Los qué todos leen 🇲🇽🇺🇸🇨🇦 (@RdmRevista) January 15, 2026
Американската вселенска агенција одби да го открие идентитетот на астронаутот со здравствени проблеми или да даде детали за неговата состојба, наведувајќи само дека членот на екипажот е стабилен.
Свет
Иранските власти ги споредија демонстрантите со Исламска држава
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, во кое повикува на спротивставување на „сите форми на странско мешање“ во Иран, објавија државните медиуми.
Во писмото, Арагчи ги опишува граѓанските протести против владата како насилни и терористички, наведувајќи дека тие претставуваат дејствија „против територијалниот интегритет и националните интереси на Иран“.
„Во последните денови бевме сведоци на насилни акти и тероризам во стилот на Исламска држава против Иран“, напишал Арагчи, цитира Иран Интернешнл.
Тој тврди дека протестите биле „саботирани од терористички елементи“ и побара Обединетите нации да ги осудат, како што ги нарече, „терористичките акти“.
Во меѓувреме, Совет за безбедност на ОН треба да одржи состанок за состојбата во Иран, на барање на Соединетите Американски Држави.
Фото: ЕПА

