Свет
Русија би можела да ги забрани летовите на авионите Ту-154Б

Сојузната руска агенција за превоз има намера да препорача забрана на летовите со авионот од типот Тупољев-154Б, пренесува агенцијата Франс прес.Анонимен извор за агенцијата Итар-Тасс вчера рекол дека шефот на Ространснадзор(агенцијата за превоз)Генадиј Курвенков тоа го најавил на состанокот со рускиот министер за сообраќај Игор Левитин.Авионот Ту-154Б е главна верзија на Ту-154 што последните години доживеа многу несреќи. Во саботата еден Ту-154Б, на воздухопловната компанија „Колавиа“, со 116 патници и осум членови на екипажот, се запали додека се движел по пистата на аеродромот Сургут на Урал, на летот за Москва. Во несреќата тројца патници загинаа, а околу 40 се повредени.Во април 2010. година при пад на Ту-154 загина полскиот претседател Лех Качињски и десетина високи полски функционери.Забраната би траела додека со целосна истрага не се утврди дали постои некаква конструкциска грешка или пропуст во процедурата на летање што доведува до несреќи. /крај/афп/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.