Свет
Лани 295 илјади луѓе загинаа во природните катастрофи
Во природните катастрофи во текот на 2010 година животот го загубија 295.000 лица, а проценета е штета од 130 милијарди долари, што претставува најголеми бројки во последните 30 години, соопшти германската осигурителна куќа Munich Re
Оваа реномиран аосигурителн акуќа која е број еден во светот за изминатат 2010 г., лани забележала вкупно 950 природни катастрофи, во споредба со просечните 615 природни катастрофи во последните 30 години.Во минатогодишните природни несреќи има четири пати повеќе загинати во однос на просечната бројка од 1980 година.Минатата година загинаа 295 илјади лица, а во минатите 30 години во природните катастрофи годишниот просек изнесува 66.000.Штетите во 2010 се проценети на 130 милијарди долари во споредба со 95 милијарди кои се просечна годишна штета во последните три децении.Најмногу настрадани има во земјотресот на Хаити кои се случи во јануари во кои загинаа 225.570 лица, по него следи топлотниот удар и шумските пожари во Русија со 56 илјади загинати и априлскиот земјотресот во Кина со 2.700 мртви.Катастрофите кои причинија најголема материјална штета, без разлика дали добрата биле осигурани или не, е февруарскиот земјотрес во Чиле со причинета материјална штета од 30 милијарди долари и 520 загинати, поплавите во Пакистан кои се случија во јули и септември предизвикаа штета од 9,5 милијарди долари и 1.760 мртви. Кога станува збор за најразвиените земји, западна Европа беше погодена од олујата Синтија во февруари која однесе 65 животи и нанесе штета од 6,1 милијарди долари, додека торнадата во САД причинија штета во вредност од 4,7 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

