Свет
Сеул го отфрли предлогот на Пјонгјанг за преговори

Јужна Кореја денеска ја отфрли понудата од северниот сосед за преговори за намалување на тензиите на полуостровот како несериозна и пропагандистичка, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување
„Северна Кореја и претходно на почетокот на годината издавало вакви соопштенија. Тоа е дел од нивната редовна пропагандна кампања кон Југот“, се вели во соопштението на министерството, во кое се вели и дека ваквото соопштение не се смета за сериозно, па дури дека не е испратено во потребниот формат.Во средата Северна Кореја понуди безусловни преговори со Југот за да се стави крај на провокациите. Во соопштението од Пјонгјанг се вели дека тие нудат „сеопфатни преговори и дијалог“ со Сеул, тврдејќи дека тоа било „единствениот начин да се излезе од оваа сериозна ситуација“.Вчера и Кина соопшти дека би поддржала такви преговори. Соопштението од Пекинг дојде непосредно по средбата на кинескиот државен врв со специјалниот американски пратеник за Северна Кореја, Стивен Босфорт.Минатата година тензиите помеѓу двата дела на поделената Кореја достигнаа највисоко ниво во последниве неколку децении, откако Пјонгјанг беше обвинет за потопувањето на јужнокорејскиот воен брод, при што загинаа 46 морнари. Во ноември северот истрела неколку артилериски гранати врз спорниот остров Јеонпјеонг на самата поморска граница помеѓу двете Кореи, при што загинаа четири лица. Веднаш потоа Јужна Кореја и САД одржаа неколку воени вежби во близина на административната граница, што во Пјонгјанг беше протолкувано како провокација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.