Свет
Екс-лидерот на републиканците во Конгресот осуден на 3 години
Поранешниот лидер на републиканското мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Том Дилеј во понеделникот е прогласен за виновен за финансиска измама и перење пари и осуден на затвор до три години, јавуваат светските агенции. Кривичната постапка против 63-годишниот Том Дилеј познат по неговиот цврст став по многу прашања за што во Конгресот го доби прекарот „Хамер“, започна во 2005 г. Според обвинението, политичарот илегално префрлил 190 илјади долари од корпоративните донации на изборната кампања на републиканците во државата Тексас во 2002 г. Откако ќе ја одлежи тригодишната затворска казна, според пресудата, за Дилеј ќе остане да важи условна казна во следните десет години. Поранешниот конгресмен од Тексас беше прогласен за виновен за перење пари на 25-ти ноември минатата година. Според тогашната пресуда нему му се закнуваше затворска казна од пет годинит. Дилеј не ја призна вината и изјави дека одлуката на поротата „политичка одмазда“. Тој изјави дека има намера да ја обжали одлуката на судот. Како што претходно изјави Дилеј, „неговиот случај претставува злоупотреба на власта, судска грешка“ при што ја убедуваше јавноста дека не е виновен. „Криминализација го поткопува нашиот политички систем, и многу сум разочаран од резултатот од овој процес“, изјави Дилеј. Тој првпат беше избран за конгресмен во 1984 г., беше лидер на републиканското мнозинство од јануари 2003 г. до крајот на септември 2005 г. Дилеј поднесе оставка од функцијата кога беа обавени соменвањата за кршењето на законите од негова страна. Оставката исто така дојде како резултат на неговите врски со познатиот вашингтонски лобист Џек Абрамоф, кој беше уапсен во 2005 г. и подоцна осуден за поткуп на републикански конгресмени. Двајца поранешни соработници на губеа по неговата оставка беше осуден по обвиненијата за корупција. Во 2005 г., Дилеј беше во центарот на уште еден скандал – неговите критичари тврдат дека неговите патувања во Москва во 1997 г. беа исплатени преку странски извори, што е строго забрането за членови на Конгресот. Тогаш тој успеа да ги демантира овие тврдења./крај/ројтерс/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.
Свет
Данската премиерка: Европа мора да се вооружа со сила и одлучност
Европа мора да се вооружа со сила и одлучност за да се соочи со новиот глобален „неред“, порача данската премиерка Мете Фредериксен на почетокот на дипломатската иницијатива на Минхенската безбедносна конференција.
Голем дел од вниманието на овој важен собир е насочен токму кон Данска и нејзината делегација, а значењето на присуството на Фредериксен беше потврдено и од германскиот политичар Фридрих Мерц, кој во својот говор експлицитно ја спомена Фредериксен и поддршката што ѝ ја дава Европа.
Премиерката пристигна во Минхен во придружба на министрите за надворешни работи и одбрана, а конференцијата претставува прва значајна можност за директни разговори со претставници на САД и други партнери по дипломатската криза предизвикана од спорот околу Гренланд.
Во рамки на дипломатските активности, најавен е и состанок меѓу Фредериксен и американскиот државен секретар Марко Рубио, а една од клучните теми ќе биде токму прашањето за Гренланд.

