Свет
Пакистан против меѓународна инспекција во нуклеарните објекти
Пакистанскиот претседател генералот Первез Мушараф денеска изјави дека Пакистан нема да дозволи меѓународна инспекција во нуклеарните објекти.
Пакистанскиот претседател генералот Первез Мушараф денеска изјави дека Пакистан нема да дозволи меѓународна инспекција во нуклеарните објекти. Мушараф, како што јавуваат индиските медиуми, рекол дека пакистанскиот народ е многу чувствителен кога станува збор странци да дојдат во земјата и да поставуваат прашања. “Ние ќе ги дадеме сите информации што Меѓународната организација за атомска енергија ќе ги побара од нас, но нема да дозволиме нејзините инспектори да дојдат во нашата земја, и да ги испитуваат раководителите и да ги посетуваат нуклеарните објекти“, изјави Мушараф. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото+видео) Сериозен инцидент на аеродромот Хитроу во Лондон: еден уапсен, неколкумина повредени
Службите за итни случаи и полицијата интервенираа на аеродромот Хитроу во Лондон поради „сериозен инцидент“ кој се случи утрово.
Според локалните медиуми, неколку лица се повредени, а итната помош ги префрли во болница.
Лондонската полиција соопшти дека група мажи испрскале неколку лица со „некаков вид спреј со бибер“, по што го напуштиле местото на настанот. Едно лице е уапсено под сомнение за напад, а истрагата продолжува за да се пронајдат останатите осомничени.
MAJOR INCIDENT DECLARED AT HEATHROW AIRPORT
DMs are open if you have more information. pic.twitter.com/1CEbSHuU6e
— British Intel (@TheBritishIntel) December 7, 2025
Полицијата и вооружените единици пребаруваа паркинг на аеродромот.
„Во оваа фаза, веруваме дека во инцидентот учествувала група луѓе кои се познаваат, а расправијата ескалираше и резултираше со повреди на неколку лица. Не го третираме овој инцидент како тероризам“, изјави полицискиот командант Питер Стивенс.
Инцидентот предизвика привремени прекини во работењето на метрото и железницата околу аеродромот.
Свет
Аеродромот во Цирих воведува нови 3Д скенери
Аеродромот во Цирих воведува нови 3Д скенери кои ќе овозможат патниците да поминуваат низ безбедносна контрола без да ги одвојуваат течностите и електронските уреди од рачниот багаж.
Првиот сет скенери ќе почне да работи во понеделник, а до летото ќе бидат инсталирани на сите контролни пунктови.
Новата технологија, вредна 36,4 милиони евра, може да открие цврсти и течни експлозиви и автоматски ги обележува сомнителните предмети на дигиталната силуета на патникот.
Додека не заврши инсталацијата на опремата, ограничувањето од 100 милилитри по пакување течности останува на сила, но по целосната замена на опремата, патниците ќе можат да носат шишиња до два литри.
Како дел од модернизацијата, аеродромот во Цирих воведува и нови скенери за тело, кои ги заменуваат повеќето рачни претреси.
Свет
(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење
Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук.
Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30 часот по локално време. Во нападот биле користени неколку хиперсонични ракети „Зинжал“, како и десетици дронови.
Градоначалникот на Кременчук, Виталиј Малецки, соопшти дека во делови од градот има прекини на струја, вода и греење, и додаде дека екипите работат на стабилизирање на критичната инфраструктура.
Тој ги повика жителите да останат на безбедни места.
UPDATE—-More footage that has come out from tonight’s Russian strikes on Kremenchuk in the Poltava region of Ukraine. pic.twitter.com/D9wBFrEMSw
— 🇷🇺 Vanguard-Veritas🇨🇦 (@RussCan91) December 7, 2025
Засега нема информации за жртви или за обемот на материјалната штета.
Паралелно со нападот, експлозии биле пријавени и во Фастив, во Киевската област. Таму претходниот ден беше погодена главната железничка станица. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тој напад го нарече „воено бесмислен“. Според министерот за внатрешни работи Игор Клименко, осум лица се повредени во нападите од 5 декември во регионите Киев, Лвов и Дњепропетровск.
Руските напади продолжуваат додека САД се обидуваат да посредуваат во напорите за запирање на војната.

