Свет
Напаѓачот во возот во Египет е полицаец

Мажот кој во вторникот навечер отвори оган во патнички воз на станицата во египетскиот град Самалјут, излезе дека е припадник на полицијата, соопшти египетското министерство за внатрешни работи
Човекот кој вечерва без целење стрелаше врз патници во возот на железничката станица во градот Самалјут при што уби едно и рани пет лица, е идентификуван како Амер Ашур Хасан, полицаец кој бил на служба во провинцијата ал-Минија, во градот Бени-Мазар, каде што се качил во возот. Тој се обидел да побегне, но по кусо време бил уапсен во неговиот дом во градот Самалјут. Претходно порталот на каирскиот дневен весник „Ал Ахрам“ јави дека тој бил совладан од страна на припадниците на обезбедувањето на железничката станица. Како што пишуваат египетските медиуми, истражителите на обвинителството се’ уште се обидуваат да го дознаат мотивот за нападот. Според полицијата, во инцидентот е убиен 71-годишниот Ахмед Обеид Фати Гатас, а уште пет лица, меѓу кои и сопругата на убиениот, се ранети. Две од нив се задржани во болница и се наоѓаат во сериозна состојба. Загинатиот и повредените во египетскиот воз се христијаните, а припадниците на египетските безбедносни сили се обидуваат да дознаат дали нападот е верски мотивиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.
Свет
Кремљ го објави времето за почеток на разговорите Трамп – Путин

Кремљ потврди дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи денеска, со почеток во 14 часот по македонско време (16 часот по московско време).
Американскиот претседател пред телефонскиот разговор со Путин изјави дека многу елементи од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега.
Во своето ноќно обраќање во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин за продолжување на војната. „Овој предлог можеше одамна да се спроведе“, рече тој додавајќи дека „секој ден во време на војна значи човечки животи“.