Свет
Во поплавите во Шри Ланка загинаа 16 лица, илјадници без домови
Најмалку 16 луѓе загинаа во големите поплави во Шри Ланка, а повеќе од 180 илјади се принудени да ги напуштат своите домови, пренесува BBC повикувајќи се на претставници на службите за спасување. Излеаните езера и реки ги поплавиле градот Ампарај на југо-исток и Батикалоа на исток од земјата. Врските со двата града и со околните населени места се отежнати, бидејќи во некои места, патиштата и железничките линии се поплавени со вода длабока еден метар. „Во овој момент (вторник) условите се многу сложени. Повеќе од 160 милиметри врнежи паднаа во источните и централните делови од земјата, 1.128 куќи целосно се уништени, а илјадници се оштетени“, изјавил во интервју за британскиот радиодифузен сервис претставник на Комитетот за справување со природните непогоди Прадип Кодипли Според BBC, најголем дел од загинатите биле жртви на лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд. Властите на Шри Ланка, како и локални и меѓународни хуманитарни организации се обидуваат да им помогнат на луѓето погодени од катастрофата, носејќи во населените места, отсечени од цивилизацијата храна, вода за пиење и лекови, се вели во извештајот./крај/ббц/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фон дер Лајен: Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина
Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека ги информирал претседателката на ЕК и претседателот на Европскиот совет, Антони Кошта, за американскиот план за прекин на руската инвазија на Украина.
„Што се однесува до следните чекори, европските лидери ќе се сретнат утре на маргините на Г20, а потоа во Ангола“, каде што ќе се одржи самитот на Европската унија и Африканската унија, напиша Урсула фон дер Лајен на платформата X.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денес изјави дека ќе предложи „алтернативи“ на американскиот план за прекин на конфликтот со Русија, план кој се смета за многу поволен за Москва, ветувајќи дека нема да ги „издаде“ украинските интереси.
Зеленски предупреди дека неговата земја ризикува да ја изгуби поддршката на САД поради планот на Вашингтон за прекин на војната со Русија.
„Украина би можела да се соочи со многу тежок избор – губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер“, рече Зеленски.
Фото: принтскрин
Свет
Путин: Планот на Трамп може да биде основа за решение на конфликтот во Украина
Москва го има текстот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на спорот, кој би можел да биде основа за конечно решавање на конфликтот во Украина, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Новиот мировен план на Трамп би можел да биде основа за конечно решение во Украина“, рече Путин, пренесува РИА Новости. Тој истакна дека Русија е подготвена за мировни преговори, но е задоволна и од моменталната динамика во Североисточниот воен округ, што води кон постигнување на целите со воени средства.
„Го имаме овој текст. Го добивме преку постојните канали на комуникација со американската администрација“, рече Путин денес на состанокот со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија преку видеоконференција.
Путин, исто така, изјави дека мировниот план на Трамп за Украина бил разгледан уште пред состанокот во Алјаска.
„САД побараа од руската страна да покаже флексибилност во украинското решение“, рече Путин, нарекувајќи го најновиот план од 28 точки модернизирана верзија по состанокот во Алјаска.
Рускиот претседател истакна дека Украина и нејзините европски сојузници сè уште живеат во илузијата дека Русија може да претрпи стратешки пораз.
„Раководството на Киев или нема објективни информации за ситуацијата на бојното поле, или не е во можност објективно да ја процени“, рече Путин.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Четврток е соодветниот рок за Украина да го прифати мировниот договор
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти четврток, 27 ноември, е соодветниот рок за Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД за завршување на војната со Русија.
„Имав многу рокови, но ако работите одат добро, обично роковите се продолжуваат. Но, сметаме дека четврток е вистинското време“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
Како што објави Ројтерс претходно денес, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата, Соединетите Американски Држави се закануваат дека ќе ја прекинат размената на разузнавачки информации и испораката на оружје на Украина ако не се согласи со рамката на мировниот договор со посредство на САД.
Изворите велат дека Киев е под поголем притисок од Вашингтон отколку за време на сите претходни мировни преговори и дека САД сакаат Украина да го потпише рамковниот договор до следниот четврток.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави претходно денес во обраќање до граѓаните дека Киев е под еден од најтешките притисоци и дека се соочува со ризик од губење на клучен партнер или достоинство.
„Сега е еден од најтешките моменти во нашата историја. Сега Украина може да се најде пред многу тежок избор. Или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер. Или тешки 28 точки или исклучително тешка зима – најтешката – и дополнителни ризици“, истакна Зеленски, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин

