Свет
Произведувачот знаел за диоксинот во сточната храна?
Две недели по избивањето на скандалот со диоксин , германските власти се се посигурни дека произведувачот свесно испорачувал загадена сточна храна.
Според информациите на интернет – изданието на магазинот „Шпигел“, истражните власти откриле дека фирмата за производство на сточна храна „Харлес и Јенч“, загадената маст ја мешала со сточна храна се додека не биле постигнати дозволените вредности на диоксин.
Според тоа, ова претпријатие во 2010 година ги затаило резултатите на најмалку три теста со кои требало да се утврди присуството на диоксин во сточната храна.
Фирмата денеска поднесе барање до финансиските власти да ја прогласат за инсолвентна. Барањето допрва треба да биде разгледано, а медиумите наведуваат дека барањето е поврзано со можноста земјоделците кои купувале контаминирана храна да побараат оштета.
Сојузот на земјоделци процени дека неделната штета на сопственикот на фирмата чии свињи и живина биле хранети со мешавина на диоксин изнесува од 40 до 60 милиони евра.
Германската организација за заштита на потрошувачите Фудвоч денеска ја обвини сојузната влада дека го штити произведувачот на храна.
Основачот на Фудвоч, поранешниот шеф на меѓународната организација Гринпис Интернашнал, изјави дека владата на Германија од 2010 година финансиски го поттикнува извозот на свинско месо.
Поранешната сојузна министерка за земјоделство, сега од опозиционата партија на зелените, Рената Кинаст, побара денеска оставка од сегашниот шеф на овој ресор, од баварската Христијанско-социјална унија, Лиз Ајгнер.
Најголемиот дел од околу 5.000-те фарми, кои на почетокот на оваа недела беа затворени поради диоксинот во сточната храна, повторно добија дозвола да продаваат производи.
Меѓутоа се уште не се знае дали во малопродажба заврши месото од околу 150 свињи хранети со ваква храна, заклани на крајот на декември./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.
Свет
Данската премиерка: Европа мора да се вооружа со сила и одлучност
Европа мора да се вооружа со сила и одлучност за да се соочи со новиот глобален „неред“, порача данската премиерка Мете Фредериксен на почетокот на дипломатската иницијатива на Минхенската безбедносна конференција.
Голем дел од вниманието на овој важен собир е насочен токму кон Данска и нејзината делегација, а значењето на присуството на Фредериксен беше потврдено и од германскиот политичар Фридрих Мерц, кој во својот говор експлицитно ја спомена Фредериксен и поддршката што ѝ ја дава Европа.
Премиерката пристигна во Минхен во придружба на министрите за надворешни работи и одбрана, а конференцијата претставува прва значајна можност за директни разговори со претставници на САД и други партнери по дипломатската криза предизвикана од спорот околу Гренланд.
Во рамки на дипломатските активности, најавен е и состанок меѓу Фредериксен и американскиот државен секретар Марко Рубио, а една од клучните теми ќе биде токму прашањето за Гренланд.

