Свет
Се создава нов опозициски блок во Украина

Лидерите на четири украински опозициски партии преговараат за обединување во една голема опозициска политичка сила, чија цел ќе биде да претставува противтежа на сегашната „левичарска“ опозиција на поранешната премиерка Јулија ТимошенкоГраѓански позиција, партија предводена од поранешниот министер за одбрана Анатолиј Хриценко, Фронт за промени, предводена од поранешниот претседател на парламентот Арсениј Јаценјук, Европската партија на Украина Украинската републиканска партија се членки на новата парламентарна фракција „Наша Украина – народна самоодбрана“, која 71 седиште во украинскиот парламент со 450 претставници. „Ние тука не зборуваме за создавање на изборен блок, туку за создавање на обединета, моќна политичка сила врз основа на четирите партии“, изјави претставник на една од партиите кој побарал да остане анонимен.Според истиот извор, би можел да се промени и бројот на партии кои би и се приклучиле на новата фракција.„нашите намери се да се здружиме во една сила и тие намери се многу сериозни. Покрај споменатите партии, има и други, но „Наша Украина“, партијата на поранешниот претседател Виктор Јушченко, се уште не е подготвена да се приклучи“, вели Анатолиј Матвијенко, лидер на Републиканската партија на Украина. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина на градот Арак, околу 230 километри југозападно од Техеран.
Сликите од 18 и 19 јуни покажуваат сериозна штета на главната купола на реакторот. Најновата слика јасно покажува голема дупка на врвот од структурата, додека фотографија направена еден ден претходно ја покажува куполата недопрена.
Покрај самата купола, оштетени се и други делови од објектот. Најмалку две кули се делумно уништени, додека две блиски структури се речиси целосно уништени. И Израел и Иран денес потврдија дека реакторот Арак бил цел на нападот.
Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.