Свет
Поранешниот диктатор на Хаити е приведен во полиција

Поранешниот диктатор на Хаити, Жан-Клод „Бејби Док“ Дувалие во вторникот е притворен и пренесен до судницата во Порт-о-Пренс, каде што започна сослушувањето на кое ќе треба да се донесе одлука дали ќе биде уапсен, јавува CNN
Жан-Клод „Бејби Док“ Дувалие бил приведен од хотелот каде што престојувал од неговото мистериозно враќање на Хаити во неделата, коешто го шокираше светот. Тој мина 25 години во егзил во Франција, откако народното востание во 1986 година го присили да ја напушти власта.„Бејби Док“ е обвинет дека во текот на неговото 15-годишно владеење префрлил милиони долари од државната каса на Хаити на сметките на неговото семејство. Во текот на неговата диктатура илјадници луѓе беа измачувани и убиени, а стотици илјади жители на островската држава беа присилени да пребегнат во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.