Свет
Најмалку 45 луѓе загинале поради снегот и мразот во Јапонија

Најмалку 45 луѓе загинаа во Јапонија од почеток на зимата во несреќи поврзани со снегот и мразот, соопштија денеска властите.Од вкупниот број на жртви, 27 луѓе загинале така што паднале од покрив додека со лопата го чистеле снегот или на нив се урнал снег или ги затрупала лавина.Во инцидентите поврзани со снегот и мразот повредени се вкупно 463 луѓе, од кои 193 потешко, пренесува јапонската агенција Кјодо. Несреќите се случиле меѓу 1 ноември и 19 јануари, а 60 отсто од жртвите се луѓе од 65 години.Слична зима по број на жртви била во 2005 и 2006 година, што е втора најфатална од крајот на Втората светска војна. Снегот во јануари 1963 година предизвика 228 смртни случаи, а од декември 2005 до март 2006 година 152 луѓе го загубиле животот./крај/блиц/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.