Свет
30 месеци затвор и протерување за Евреинот Гидеон Сандел
Според обвинението Сандел со кредитни картички извршил измама и проневерил поголема сума пари, а Судскиот совет реши тој на фирмата Дајнерс да им врати 814 040 денари
ИЗРЕЧЕНА ПРЕСУДА ЗА ИЗМАМА СО КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ ПРОТИВ ИЗРАЕЛСКИ БИЗНИСМЕН
Според обвинението Сандел со кредитни картички извршил измама и проневерил поголема сума пари, а Судскиот совет реши тој на фирмата Дајнерс да им врати 814 040 денари
Израелецот Гидеон Сандел обвинет за кривично дело: измама вчера судскиот совет во Основниот суд 1 во Скопје го прогласи за виновен и му изрече затворска казна од две години и шест месеци. Сандел по правосилноста на пресудата треба да одлежи 4 месци помалку оти толку време бил во притвор. По издржувањето на казната Судот реши тој да биде протеран од државата и да му се забрани влез во наредните четири години. На ваквата одлука сега осудениот Сандел има право на жалба пред Апелациониот суд во Скопје. На соопшувањето на пресудата не присуствуваше обвинетиот и неговиот адвокат. Адвокатката беше на друго судење. Во судницата присуствуваше судки преведувач од српски јазик.
Според обвинетието Сандел со кредитни картички извршил измама и проневерил поголема сума пари. Судскиот совет реши Сандел на фирмата Дајнерс да им врати 814 040 денари.
Овој судски процес траел осум години оти за Сандел судот не можеше да му обзеди преведувач. Минатата седмица беа завршните зборови и неговиот адвокат Јагнула Куновска побара ослободителна пресуда. Таа кажа: Наводите во обвинението се само претпоставки, а не факти. Судот треба да го ослободи обвинетиот оти тој е жртва , а не сторител на измама. Врз него судот изврши јазична тортура и така ги прекрши неговите права да се брани на неговиот мајчин јазик- хебрејски”. Според Куновска тој зборува македонски, српски и англиски ама не доволно добро за да се брани во судот.
Сандел својот завршен збор на судот го предаде во писмена форма на хебрејски јазик. Тој тврди дека во судската процедура се користеле копии од документи кои не се докази.
Во одбрана на правата на Сандел застанаа педест и тројца еврејски бизнисмени. Тие го обвинија македонското судство за антисемистичко однесувањен кон евреинот Сандел. Според нив со ова не се придонесува за зацврстување на комерцијалните контакти меѓу Македонија и Израел и донесување на Еврејски инвестиции во земјава. (К.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

