Свет
Руската истрага состави листа од 10 осомничени
Руските истражители составија листа од 10 можни осомничени кои стојат зад смртоносниот напад на московскиот меѓународен аеродром Домодедово, соопштија полициски извори, пренесува Риа Новости„Во моментов истражителите се сигурни дека доказите посочуваат кон Северен Кавказ. Бомбашот-самоубиец, кој ја детонираше бомбата, доаѓа од таму“, велат полициските извори.Претходно, руските безбедносни сили соопштија дека трагаат по член на исламистичка група од Северен Кавказ кој е етнички Русин и кој е осомничен за вмешаност во експлозијата на московскиот аеродром Домодедово во која загинаа 35 луѓе.Самоубиствениот бомбашки напад во понеделникот ги имаше сите одлики на исламистичките бунтовници од Северен Кавказ на крајниот руски југ. Досега ниту една група не презела одговорност за експлозијата, во која беа повредени и околу 130 луѓе. Неименувани извори од руските безбедносни сили изјавиле дека човекот кого го бараат е именуван како Раздобудко и е жител на провинцијата Ставропол, која се граничи со севернокавкаските провинции, претежно населени со муслимански малцинства, кои не се етнички Руси. Се верува дека Раздобудко е член на „Ногаи Јамаат“, бунтовничка група стационирана во Дагестан, провинција во самото средиште на растечкиот исламистички бунт, кој предизвика две постсоветски сепаратистички војни во соседната Чеченија. Можно е тој да бил организатор на нападот, па дури и самиот напаѓач, велат изворите.Исламистичкиот бунт привлече многу малку етнички Руси, но неколкумина ги сменија страните во текот на втората војна помеѓу руските федерални сили и чеченските сепаратисти пред една деценија. И за претходните терористички напади имаше осомничени етнички Руси. „Ногаи Јамаат“, или „Групата Ногаи“е одговорна за заговорот за бомбашки напади во Москва за Нова година, кои пропадна кога смс порака ја предвремено ја детонираше бомбата на жената – бомбаш во нејзиниот апартман. Регионот Ногаи се наоѓа во северен дагестан, блиску до Ставропол. Дагестан честопати е место на терористички бомбашки напади. Во средата навечер експлозија на автомобил – бомба уби четири лица и рани уште тројца пред една кафетерија во дагестанскиот град Хасавјурт, во близина на границата со Чеченија.Сликата на осомничениот бомбаш-самоубиец е дистрибуирана до полициските станици ширум Русија. /крај/ројтерс, риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

