Свет
Русија го осуди протерувањето на рускиот дипломат од Ирска

Русија ја осуди одлуката на Ирска да протера руски дипломат од Даблин, кој наводно бил вмешан во фалсификување на пасоши, нарекувајќи го тој чин „непријателски“ и со закана дека ќе одговорат соодветно, пренесоа руските медиуми.
„Овој апсолутно непријателски чин нема да помине без соодветна реакција“, рече заменик министерот за внатрешни работи Владимир Титов.
Ирското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека ќе протера дипломат чие име засега не се открива, откако со истрага било утврдено дека руската разузнавачка служба украла идентитети од ирските граѓани за да фалсификува пасоши за руски шпиони во САД.
Руско-американскиот скандал изби во јуни минатата година кога 11 руски агенти беа уапсени во САД, а беа ослободени во рамки на договорот за размена меѓу Русија и САД./крај/ру/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Нападите врз Хамас не го оправдуваат казнувањето на палестинскиот народ“, рече Лавров

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека не е прифатливо Израел да го користи нападот на Хамас на 7 октомври како оправдување за колективното казнување на палестинскиот народ.
Лавров рече дека нападот на Хамас „не се случил во вакуум“ бидејќи повика на меѓународен мониторинг на теренот во Газа.
Свет
(Видео) Сите очи вперени кон Аргентина: денеска инаугурацијата на Мајли, пристигна и Зеленски

ВО ГЛАВНИОТ град на Аргентина, Буенос Аирес, се е подготвено за денешната инаугурација на новиот претседател Хавиер Мајли, човекот кој ја потресе политичката сцена на оваа земја, пренесуваат медиумите.
Поради бројните економски и други проблеми со кои се соочува Аргентина, Мајли успеа да добие најголема популарност меѓу гласачите и со низа необични изборни ветувања победи на изборите во оваа земја.
– Како кандидат Мајли вети дека ќе го „исчисти“ политичкото раководство од корупција и ќе ја елиминира Централната банка на Аргентина, која ја обвини дека печати пари и ја подгрева инфлацијата – пишува ABC News.
Исто така, Мајли претходно се претставуваше како „воин против глобалниот социјализам“ и рече дека му се восхитува на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Како своевиден симбол на политиките што ќе се обиде да ги спроведе, Мајли често носеше моторна пила на предизборните митинзи, што беше симбол на најавеното кратење на трошоците во земјата.
Во пресрет на инаугурацијата во Аргентина пристигнаа бројни државници, а Мајли се сретна и со унгарскиот премиер Виктор Орбан. На инаугурацијата на Мајли пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Свет
Обединети нации: 9 од 10 луѓе во Газа не можат да јадат секој ден

Висок претставник на Светската програма за храна на Обединетите нации денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува поради вооружените борби меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Заменик-директорот на Светската програма за храна на ОН, Карл Скау, изјави дека само дел од потребните залихи може да влезе во Појасот Газа и изјави дека „девет од 10 луѓе не можат да јадат секој ден“, пренесува Би-би-си.
„Условите во Појасот Газа ја направија испораката на помош речиси невозможна“, посочи Скау, додавајќи дека е отворен само граничниот премин Рафах кон Египет, преку кој до палестинската енклава стигнуваат ограничени количини помош.
Скау рече дека за време на овонеделната посета на Газа, тој и неговиот тим виделе „страв, хаос и очај“ и дека биле сведоци на „метеж во магацините и местата за дистрибуција, со илјадници очајни гладни луѓе“, пренесува Независне.
Скау изјави дека виделе „целосно празни продавници“ и „пренаселени засолништа“.