Свет
Во немирите во Каиро загина еден војник
Илјадници приврзаници и противници на египетскиот претседател Хосни Мубарак се судрија денеска на главниот плоштад во Каиро каде едни со други се гаѓаа со камења, шишиња и молотови коктели, додека војската стои настрана и не интервенира, пренесуваат известувачите на странските агенции.Министерството за здравство на државната телевизија објави дека во судирите загинал еден војник. Министерот рекол дека 403 лица се повредени, но извори за агенцијата Франс прес велат дека има најмалку 500 повредени.Во еден момент приврзаниците на владата на камили и коњи влетале на централниот плоштад, но антивладините демонстранти ги симнале и ги претепале до крв.Голем број провладини демонстранти се качиле на покривите од зградите околу централниот плоштад, каде се наоѓа Египетскиот музеј, од каде врз насобраната топла фрлале со цигли и запалени шишиња. Едно дрво во дворот на музејот е запалено.Раскрвавените антивладини демонстранти се префрлени во клиниките кои привремено се префрлени во некои џамии, а според некои извештаи повредени се повеќе стотици лица.Судирите меѓу двете страни почнаа прво во Александрија, само неколку часа по вчерашниот говор на Мубарак во кој кажа дека нема повторно да се кандидира за претседател на изборите во септември, но и тоа дека нема веднаш да се повлече, туку дека ќе го надгледува мирното предавање на властаГоворот на Мубарак ја означи и промената на ставот на војската која изминатите неколку дна им дозволуваше на демонстрантите во се поголем број да излегуваат на улица.Режимот на Мубарак, како што наведува АП, прв пат денеска започна да ги собира своите приврзаници во голем број.Околу 20.000 провладини приврзаници денеска одржаа, главно мирен собир на другиот брег на Нил, спроти централниот плоштад Тахрир, каде се наоѓаат противниците на Мубарак.Приврзаниците на Мубарак сметаат дека неговите отстапки се доволни и бараат да се прекинат демонстрациите.Излегувањето на спротивната страна на улица е особено загрижувачко затоа што ниту одблизу не изгледа дека има доволно полиција или војска да го контролираат насилството, наведува АП.Војниците не превземале ништо за да го спречат насилството, освен по некое предупредувачко пукање во воздух, додека униформирани полицајци немало на видик.Многу од демонстрантите го обвинија режимот дека ги плаќа своите поддржувачи да ги нападнат, дека војската тоа им го дозволува./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

