Свет
Во Рио горат магацини со карневалски костими

Работилници и магацини во кои се изработуваат и се чуваат костими и сценографиии за најпознатиот карневал во светот, горат во Рио Де Жанеиро, јави бразилската телевизија „Globo“.Пожарот избувнал после 10 часот по македонско време, односно во 7 часот изутрина по локално време, а на местото на инцидентот со огнената стихија се борат 15 противпожарни бригади. Засега нема информации за жртви или повредени. Карневалот се одржува во март секоја година во Рио Де Жанеиро, и тогаш бразилската метропола е најпосетено место за одмор во светот. Карневалот во Рио славата ја стекна по неуморното темпераментното танцување на бразилските убавици и живописните сценографии и костими на групите танчери кои се натпреваруваат дефилирајќи по прочуениот Самбадром. Годинава карневалот ќе се одржи од 5 до 8 март./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во несреќа за време на фестивал на огнот во Иран загинаa најмалку 21 лице, повредени над 6.000 луѓе

Најмалку 21 лице загина, а 6.419 се повредени за време на прославата на иранскиот огнен фестивал „Чахаршанбе Сури“.
Фестивалските прослави почнаа синоќа со огнови, пиротехнички средства, па дури и рачно изработени експлозивни направи. И покрај предупредувањата од полицијата дека ќе користат беспилотни летала за следење на употребата на пиротехника, во инцидентите се забележани неколку смртни случаи.
Иранската итна медицинска помош објави дека 21 смртен случај е регистриран низ Иран, а 6.419 повредени лица побарале лекарска помош. Меѓу повредените, 18 лица се во тешка состојба, а најмногу инциденти се регистрирани во Техеран, Источен и Западен Азербејџан.
Чахаршанбе Сури се слави во последната среда навечер пред Новруз, персиската Нова година што го означува доаѓањето на пролетта.
Популарен меѓу децата и младите, настанот вклучува прескокнување оган, огномети и рачно изработени експлозиви, кои често предизвикуваат сериозни несреќи. Секоја година, прославите и подготовките резултираат со десетици смртни случаи и илјадници повредени низ Иран.
Европа
(Видео) Клучната руска воздухопловна база во пламен, Украинците го извршија најжестокиот напад од почетокот на војната

Руските градови Саратов и Енгелс синоќа беа цел на најтешкиот напад со беспилотни летала врз регионот Саратов од почетокот на војната, изјави гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека на аеродромот избувнал пожар.
Руските канали на Телеграм објавија дека најпрво бил прогласен воздушен напад, по што следеле серија експлозии. Според каналот MASH, околу 4 часот по локално време се слушнале најмалку четири експлозии.
Russian Telegram channels report the largest drone attack on Russian Engels and Saratov, according to the local governor.
It is reported that evacuation was announced in the area of the local airfield (it hosts Russian strategic bombers that attack Ukraine). pic.twitter.com/SyqnzQQ4tH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 20, 2025
Градовите Енгелс и Саратов се наоѓаат во близина на воената воздухопловна база Енгелс-2, од која често полетуваат стратешки бомбардери за да извршат воздушни напади врз Украина. Независниот информативен канал Астра објави дека има експлозии во близина на воздухопловната база.
Russian Telegram channels report this morning that Engels-2 airbase—home to Russia’s Tu-95 and Tu-160 strategic bombers, which regularly launch missile attacks onto the people of Ukraine—is now facing serious difficulties. pic.twitter.com/6uijALSmNq
— SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) March 20, 2025
Според гувернерот Бусаргин, во тек е евакуација на жителите кои живеат во близина на аеродромот. Телеграм каналот Shot објави дека пожар избувнал и во реонот на складиште за нафта во Енгелс. Руските власти не коментираат за можните штети на нафтената инфраструктура.
💥 Ukrainian Armed Forces' overnight attack on Russia's Engels
The smoke in the footage is a consequence of the attack on the military airfield. Locals claim that military ammunition depots are located there.
However, there is no official confirmation yet that the airfield was… pic.twitter.com/qWoXnP5ZpT
— NEXTA (@nexta_tv) March 20, 2025
Руската воздушна одбрана соборила 132 украински беспилотни летала во текот на ноќта, од кои 54 над Саратовската област, 40 над Воронежската област, 22 над Белгородската област и други над Ростов, Курск и Липецк, како и над окупираниот Крим, тврди руското Министерство за одбрана.
Украинската војска не ги коментираше овие тврдења, кои не можеа да бидат независно потврдени.
Регион
Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит кон загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.
Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март. 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години, загинаа во најголемата трагедија во градот.
Најголемиот дел од починатите се од Кочани, а останатите од Чешиново-Облешево, Штип, Скопје… Кочани го обзема целосен молк додека жали за својата изгубена иднина.
Илјадници македонски граѓани од целата земја со мирни собири изразија сочувство за тагата на семејствата.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март. Загинаа 59 лица, а над 160 се повредени. Најтешко повредените се лекуваат во странство.