Свет
Мубарак поднесува оставка
Египетскиот претседател Хосни Мубарак во четврток навечер треба да ја објави својата оставка од претседателската функција, јави американската мрежа NBC News која се повикува на два извора, од кое еден е од CIA
Како што се предвидува неодамна именуваниот потпретседател Омар Сулјеман ќе биде човекот што ќе го замени Хосни Мубарак по три децении на претседателската функција. Како што јавува NBC News повикувајќи се на добро известени извори, во текот на целиот ден во четвртокот траел состанокот на највисок ниво на египетскиот воен врв. По состанокот египетската армија го издаде кусото соопштението дека ќе бидат исполнети сите барања на демонстрантите, со нагласка дека во текот на денот ќе следува пошироко известување.Ова пред демонстрантите на плоштадот Тахрир го повтори и генералот Хасан ал-Руеини, воен командант за областа на главниот град Каиро. Тој прв најави дека на народо ќе му се орбати лично претседателот Хосни Мубарак. Еден од изворите на американската информативна мрежа потекнивува од канцеларијата на Мубарак, и тој потврдил дека египетскиот претседател ќе подонесе оставка.„Многу е веројатно дека претседателот Хосни Мубарак ќе подонесе оставка вечерва“, изјави претходно во четвртокот директорот на американската раузнавачка служба CIA, Лион Панета во текот на неговата изјава пред комисијата на американскиот Конгрес која ја контрила рабтоата на разузнавачките служби, пренесе Assocaited Press.Според електронското издание на Washington Post, ваквите информации се во опток во Каиро, но се многу контрадикторни. Според весникот првичните информации говореа дека се подготвува воен пуч, а по соопштението на воениот врв стана јасно дека Мубарак ја изгуби досегашната поддршка од армијата. Меѓу демонстрантите на плоштадот Тахрир на кои во четвртокот им се придружија и медицинските лица, се шпекулирало дека Мубарак ќе се откаже само од дел од привилегиите што му ги пружа претседателската функција.Во Египет 17-ти ден продолжуваат масовните протести со кои се бара оставка од шефот на државата. Во некои области во земјата, како и во престолнината Каиро, во судирите меѓу полицијата и демонстрантите, како и во меѓусебите судири меѓу противниците и приврзаниците на претседателот Мубарак досега загинаа околу 300 лица а околу пет илјади се повредени. Демонстрантите сметаат дека режимот на 82-годишниот Мубарак е одговорен за високиот степен на сиромаштија во земјата, гоелпата корупција и социјалната нееднаквост. Егиепсктие власти изминатите неколку дена направија некои чекори кон задоволување на барањата на демонстрантите, кои внесоа раздор во редовите на противниците на режимот. Особено откако премиерот Ахмед Шафик вети дека од 1 април за 15 отсто ќе ги зголеми платите на вработените кои се финансираат од државнито буџет, како и пензиите. Претходно, Мубарак вети дека нема да се кандидра за уште еден застане на претстојните избори во септември оваа година. Покрај тоа, Мубарак го смени целиот врвот на владејачката Национална демократска партија, а од едно од раководните места во партијата го отстрани и својто постар син Гамал Мубарак. Заменик-претседателот Омар Сулејман во меѓувреме одржа неколку круга на меѓуетнички дијалог, на кој се разгледуваа барањата на опозицијата, вклучувајќи ги инсистирањата за уставни реформи. Покрај тоа, беше формирана и независна комисија за истрага за трагичните настани од 2-ри февруари, кога во судири меѓу поддржувачите и противниците на Мубарак беа убиени 11 луѓе. Сепак, повеќето радикални млади кои протестираат на плоштадот Тахрир, сметаат дека сиве овие мерки не се доволни и соопштија дека нема да си заминат се додека не „си замиме режимот“.
Мек воен удар Како што пренесува Fox news, групата којашто во четвртокот се состанала била составена од министерот за одбрана, маршалот Хусеин Тантави – кој стои на врвот на воената хиерархија, заедно со началниците на службениците во војската, командантот за операции, како и командантите на копнените сили, морнарицата, воздухопловните сили и воздушна одбрана . Изворот на телевизијата посочил дека трансферот на власта ќе се случи „надвор од уставната рамка“, бидејќи според егиептскиот устав, оставката Мубарак би значело дека спикерот на парламентот ќе стане претседател, а изборите ќе се одржат во рок од 60 дена. Во овој случај, военито совет „нема да се раквооди од уставот или легислативата“, истакнал соговорникот кој додал дека „оттаму, тие ќе треба да го дефинираат форматот под кој ќе се преземе власта“ . Според Fox news не е познато колку долг период египетскито воен врв планира да ја контролира власта, ниту, пак, е познат механизмот или распоредот на операциите со кои ќе се стави крај администрација на војската на власт. Меѓутоа, соговорникот на телевизијата посочил дека „доколку (трансферот на власта од Мубарак) не се случи, тоа веројатно ќе ја покаже насока во која ќе се движи земјата“. Притоа се прават паралели со државниот удар што го изведе египетскиот воен врв во 1952 г. И соборувањето од власт на кралот Фарук, истакнувајќи дека армијата ја презеде власта шест месеци пред монархијата дефинитивно да биде укината и да биде прогласена современата Република Египет. Дали ќе му се суди на МубаракФинансиските аналитичари од регионот го проценија богатството на смејството Мубарак меѓу 40 и 70 милијарди долари. Според обвинувањата на демонстрантите и опозицијата, ова богатство е стекнато со злоупотреби на државните фондови и меѓународни зделки. Наводно голем дел од богатството на Мубарак е депонирано во британски и швајцарски банки и е инвестирано во недвижнините коишто ги поседува во Лондон, Њујорк и Лос Анџелес, како и на атрактивни локации на брегот на Црвеното Море. По трите децении минати на претседателската функција и уште неколкуте години претходно минати на висока воена позиција, Мубарак имал пристап до многу инвестициски договори кои на неговите банкарски конта донеле огромни суми, сметаат финансиските и политичките аналитичари. Според написот на арапскиот весник Al Khabar, египетскиот претседател има станови на њујоршки Менхетен, и куќи во ексклузивната област Роде Драјв на Беверли Хилс. Се смета дека доларски милијардери се и неговите синови.Меѓутоа, многу од официјалните претставници на египетските власти се сомневаат дека Мубарак ќе бидат кривично гонети по напуштањето на функцијата. „Нема конкретни наводи за престап за кои би бил обвиент Мубарак“, смета анонимен извор од актуелната егиептска власт кој додава дека доколку подоцна се појават обвиненија против него, со тоа ќе се справуваат правосудните институции. Изворот предвидува, речиси сигурно, дека Мубарак ќе се повлече во Шарм ел-Шеик и ќе води „изолиран“ живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

