Свет
Белгија го надмина светскиот рекорд во денови без влада
Белгија која е без влада веќе 253 дена, на 17-ти февруари го стигна а сега и го надмина рекордот што му припаѓаше на Ирак, каде беа потребни 249 дена да се постигне договор за поделба на власта меѓу Курдите, сунитите и шиитите, додека во Белгија договорот се уште не е ниту на повидок. Информациите од фламанскиот дневен весник Het Latste Niuz, говорат дека во решавањето на политичката криза според последните предлози би можел да се вклучи и поранешниот фински претседател Марти Ахтисар. На повик на 30-ина здруженија на фламанските и фландриските студенти во главните универзитетски градови во Белгија постојано се организираат собири на кои младите го искажуваат незадоволството заради запаѓањето на земјата во политички ќорсокак и, како што велат, да упатат антисепаратистичка и антинационалистичка порака. Белгискиот суверен – кралот Алберт Втори ја продолжи до 1-ви март посредничката мисија на Валонецот Дидие Рендер, во настојувањата да се постигне договор меѓу фламанските и валонските партии за составување федерална влада, откако веќе изминаа осум месеци од парламентарните избори коишто се одржаа во јуни 2010 г.Сепак, според се судејќи, минимални се шансите да биде постигнат договор во предвидениот рок кој истекува за една седмица. Така, Белгија продолжува да биде водена од влада којашто е задолжена да ги извршува само техничките тековни работи, забалежува AFP. „Разликите се толку големи што би требало да се размислува за именување на некоја личност која не е директно вклучена во политичкиот живот на Белгија, со што би се приближиле ставовите“, вели професорот на Харвард, Роберт Мнукин, за весникот Eko. Токму овој американски аналитичар во овој контекст го споменува поранешниот фински претседател и добитник на Нобеловата награда за мир, Марти Ахтисари кој имаше посредничка улога и на Косово, и во Намибија и во Северна Ирска. .„Сиот политички систем е така дизајниран, што двата народа живеат без вистинска поврзаност. Може ли да се подели државата? Да, тоа би можело да се случи во следните 10 години“, вели Мнукин.Како што пишува AFP, се чини дека Белгија се придвижува кон нови избори, кои според некои проценки може да се одржат веќе во мај со можност на натамошна радикализација на состојбите во земјата.Едно од прашањата за кои непомирливо спорат Фламанците и Валонците е судбината на арондисманите во предградијата на главниот град Брисел, кој се наоѓа во Фландрија но каде што живеат околу 130 илјади франкофони. Фламанците сакаат на франкофонското население во овие арондисмани да им се укинат изборните права кои им се дадени во 1960-те.Исто така, Фламанците сакаат и поголема автономија за северниот дел, економски посилна Фландрија во која се зборува на холандски јазик. Политичката поврзаност меѓу Фландрија и Валонија е воспоставена од 1830 г. а почна да слабее од 1970 г. откако досега петпати се додавани амандмани на белгискиот Устав.На парламентарните избори во Белгија што се одржаа на 13-ти јуни 2010 г. победија сепаратистичката фламанска партија N-VA и франкофонските социјалисти. Од тогаш траат преговорите за формирање на коалиционата влада. Белгија го надмина европскиот рекорд според времетраењето на периодот во кој државата е без влада на 11-ти јануари годинава кога изминаа 208 дена, рекорд што дотогаш го држеше Холандија во 1977 г. Белгија од 2007 г. се обидува да ги надмине политичките превирања кои се предизвикани со несогласувањата меѓу фламанските и франкофонските партии околу уредувањето на државата и околу некои финансиски прашања. Последната криза изби откако фламанската либерална партија Open-VLD минатата година донесе одлука да истапи од владата заради неможноста да се надминат несогласувањата меѓу двете групи партии околу организирањето на изборните единици во дистриктот Брисел./крај/афп/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

