Свет
Кинез починал по три дена играње на интернет

Триесетгодишен жител на Пекинг починал откако три дена без прекин играл видео-игра во интернет кафе. Додека играл тој воопшто не заспал, а речиси и не каснал ништо, објавија денеска кинеските државни медиуми.„Човекот паднал во кома по тридневното константно играње па итно бил префрлен во најблиската болница, но набрзо починал“, објави “Пекинг Тајмс“. Весникот наведува дека несреќникот во тие три дена не се помрднал од компјутерот. Потрошил околу десет илјади јуани (1.500 долари) на интернет-игри.Неговиот случај ја потенцира големата битка што кинеските власти ја водат против зависноста од интернет што погодува милион Кинези, додава „Пекинг Тајмс“./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу 700.000 руски војници.
Поголемиот дел од руските војници се концентрирани во регионот Донецк, што укажува на главниот приоритет на Кремљ, изјави претставникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Јусов.
Тој истакна дека овој број не ги вклучува само редовните војници, туку и силите за поддршка, специјалните служби и Руската национална гарда.
Претставникот на ГУР нагласи дека севернокорејските војници кои учествуваат во украинскиот конфликт се борат само на руска територија.
Фактот дека Северна Кореја ги испратила своите војници да се борат против Украина стана познат минатата есен, а потоа се зборуваше за бројот на војници кои достигнале дури 12.000, објавуваа дел од украинските медиуми.
Оваа пролет, јужнокорејските разузнавачки служби објавија дека нова група од 3.000 војници ја напуштила Северна Кореја и отишла во Русија.
Според британските разузнавачки служби, од март оваа година, севернокорејските трупи претрпеле повеќе од 5.000 жртви во битките против украинските вооружени сили во Курската област на Руската Федерација.
Свет
(Видео) Зграда срамнета со земја за дел од секундата во Газа, израелски ракети ја погодија без грешка

Во југозападниот дел на Газа денеска се урна повеќекатна станбена зграда од околу 15 ката по масовно израелско бомбардирање. Според локални медиуми, цел на нападот била зградата „Суси“, која се наоѓа веднаш до комплексот „Руја“.
Израелската армија претходно упати предупредување до жителите да ја напуштат областа, наведувајќи дека објектот бил користен од Хамас за свои активности. Неколку минути подоцна, серија експлозии целосно ја срамнија зградата со земја, оставајќи зад себе густ облак прашина и урнатини.
ממשיכים pic.twitter.com/q4lwpHiUVx
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) September 6, 2025
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа моментот на уривање, кој предизвика паника кај околните жители. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го сподели видеото од нападот со кратката порака „Продолжуваме“. Вчера, по уништувањето на друг станбен блок, Кац напиша „Започнавме“, што медиумите го толкуваат како сигнал за нова, поинтензивна етапа на операцијата во Газа.
View this post on Instagram
Регион
Албанија го отвора поглавјето „Зелена агенда“, последната фаза пред финалното членство

На 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓувладина конференција со Европската унија за отворање на групата поглавја „Зелена агенда“, потврдуваат официјални извори.
Според објавите, на 2 септември, Албанија ја поднела својата преговарачка позиција за ова поглавје, а отворањето ќе трае до 2 октомври, кога ќе биде одржана и меѓувладина конференција за последната група поглавја – „Земјоделство и кохезија“.
„Оваа есен се исполнува важна обврска за нашата земја. Отворањето на групните поглавја е клучен чекор, но најголемиот предизвик ќе биде нивното затворање, кое поминува низ долг процес на консултации и усогласување на законодавството“, оценија медиумите.
До сега, Албанија успеа да отвори четири од шестте основни групи поглавја: надворешни односи, внатрешен пазар, конкурентност и сеопфатен раст, кои се најважни и последни што се затвораат непосредно пред членството. Амбицијата на албанската влада е земјата да стане полноправна членка на ЕУ до 2030 година, но комесарката за проширување Марта Кос изрази оптимизам дека Албанија може да се приклучи веќе до 2029 година.
Ова отворање на поглавјата е значаен чекор кон европската интеграција, но аналитичарите предупредуваат дека реалните предизвици се во затворањето и усогласувањето на сите законски и административни стандарди со ЕУ.