Свет
Стотина илјади Индијци протестираат против растот на цените на храната
NULL
Најмалку 100.000 Индијци маршираа денеска во Њу Делхи, протестирајќи против високите цени на храната и против невработеноста што е нов предизвик за владата која веќе е тешко потресена од корупциските скандали, пренесуваат агенциите.Маршот на индиските припадници на работничката класа, многумина од нив протестираа и со симболите на комунистичката партија, е последен во бранот протести што од северна Африка се прошири на Блискиот исток, а поттикнати од галопирачкиот раст на цените на храната.Во третата по сила азиска економија и дом на повеќе од милијарда луѓе, цените на храната се покачија за 18 отсто. Тоа најтешко ги погоди стотиците милиони сиромашни за што сведочи и пораката на транспарентот „Цените ќе го убијат обичниот човек“.Демонстрантите во со возови и автобуси пристигнале во Делхи од цела земја, главно работници и работнички од 19-те сојузни држави, објавил во соопштение одборот на индиските синдикати, јавува АП.Учеството на синдикалните членови од владејачката Конгресна партија, што е реткост во противвладините протести, е очигледен одраз на загриженоста внатре, во самата партија бидејќи владата е се понемоќна во контролирањето на инфлацијата.Индиската централна банка во текот на изминатата година седумпати интервенираше за да ја запре инфлацијата, но предупреди дека фискалната политика нема да помогне бидејќи цените на храната „беснеат“ поради големите временски непогоди./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

