Свет
Асанж ќе биде екстрадиран во Шведска
NULL
Лондонскиот окружен суд во Белмарш нареди основачот на Wikileaks Џулиан Асанж да биде екстрадиран во шведска поради обвиненијата за сексуално малтретирање, јавува Ал Џезеира Судијата Хауард Ридл образложи дека наводите за силување и сексуално малтретирање, поднесени во Шведска од две жени, се кривични дела за кои следи екстрадиција, како и дека шведската потерница по Асанж била правилно доставена.На тридневното сослушување на почетокот на месецов, адвокатите на Асанж тврдеа дека шведскиот судија нема право да издава европска потерница и дека обвиненијата против него не се4 кривични дела за кои е обврзна екстрадиција. Адвокатите на 39-годишниот Австралиец најавија жалба на судската одлука. Тие и претходно тврдеа дека Асанж нема да добие фер судење во Шведска, каде што процесите за силување се одржуваат зад затворени врати. Згора на тоа, тој во Шведска ќе се соочи и со екстрадиција во САД., каде што најверојатно ќе биде4 затворен во специјалниот затвор за терористи во базата Гвантанамо беј на Куба, па дури може да се соочи и со смртна казна. Ова е силен удар за Асанж и за неговиот тим, сметаат адвокатите, но тој се уште ја има можноста да се жали и до Европскиот суд за човекови права. Обвиненијата против него дојдоа од две жени со кои контактирал во Шведска во август минатата година. Едната го тужи за сексуално малтретирање затоа што одбил да стави кондом кога имале секс, а другата дека ја силувал затоа што имал секс со неа додека таа спиела. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

